Таг: кикс

Не постои утеха за ваков кикс на соиграчот на Јаховиќ

Гезтепе имаше предност од 0:1 на гостувањето против Галатасарај, но на стартот од вториот дел Ирфан Џан Ерибајат интервенираше несмасно при еден удар од далеку, кој треба да е локум топка за секој голман. Седум минути подоцна прими уште еден гол за пресврт и победа на домаќините од 2:1.

Недозволив е ваков кикс кога бркаш финале

Второто полувреме од дуелот на титаните во Мадрид почна ужасно лошо за гостите. Свен Улрих кој го менува повредениот Ноер направи голманска грешка која проаѓа само на тренинг. Бензема го казни за 2:1. 

Циркуз на годината во Бундеслига

Голманот на Мајнц, Робин Зентнер направи кикс незамислив за прволигашки фудбал, особено за една Германија. На натпреварот против Борусија Менхенгладбах на гости кој заврши 1:1, тој шутираше во празно мислејќи дека топката му е на нога. Не е свесен колку ќе го тролаат за ова. Среќа што не прими гол.

Чилеанецот кој покажа како се сака својата репрезентација

Сме виделе и порано, а Купот на Конфедерации во Русија нè увери дека Јужно-американците играат со посебна страст кога ќе го облечат дресот со грбот на својата земја. Чилеанците гризеа како да е „Суден ден“ а човекот што направи кикс зборуваше за најголемата болка во животот.

Пази леѓа голман

Мислевме дека овој стар голмански кикс на невнимание не се повторува, ама ете го после многу години се случува во полуфиналето од Купот на Полска, а го направи голманот на Арка. Нема изговор за ваква грешка.

Колку треба да си несмасен за да примиш ваков гол

Фудбалерите на Партизан се посрамотија на првиот меч од припремите на Кипар, каде загубија 2:1 од германски четвртолигаш. Дефинитивно најголемата вина оди кај голманот Филип Кљаиќ бидејќи рацете му се кашкавал.

Голман на колото

За најнесмасен голман ова коло дефинитивно го прогласуваме Пауло Казанига од Рајо Ваљекано. Ова е како да ти фали човек за фудбал па викаш било кого само за да се игра.

Син му на Зидан не е баш за голман

Лука Зидан, помладиот син на тренерот на Реал Мадрид брани за младинците на овој клуб. Но како брани, ништо чудно наскоро да го седнат на клупа. Минатата недела направи глупост, а и синоќа против Легија Варшава У17 прими неверојатно глупав гол.

Марк-Андре Тер Деген

Селта сензационално водеше со 3:0 против Барселона после 33. минути игра. Ретко кој ја понижил Барса така за кратко време. Но Каталонците во еден момент се вратија на 3:2 и сите мислеа дека ќе следува пресврт. Таман кога нападнаа за израмнување, германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген направи неверојатна глупост и мечот тука заврши.

Офсајд голман на колото

Ако се бара да одбереме кој голман го направи најголемиот кикс ова коло (а изгледа ќе биде и на сезоната), тогаш фудбалска Европа ја тргаме на страна. Селекциите на Узбекистан и Северна Кореја за играчи до 16 години одиграат натпревар од кој голманот на гостите ќе сака да се избрише оваа снимка на Јутјуб која до овој моментов ја видоа 3,214,082 луѓе.

После ваков корнер, да го извадиш од игра

Во плејоф мечот од Копа Либертадорес меѓу Клуб Национал и Коринтијанс, домашниот напаѓач Нико Лопез го изведе можеби најлошиот корнер во историјата на ова натпреварување.

Барем шпага да направеше, можеби ќе ја фатеше

Иако има 127 настапи за Шведска и е трет по број на репрезентативни настапи, Андреас Исаксон кој брани за Касимпаша на додавањето на Бугаринот Страхил Попов реагираше како прв пат во живот да брани.

Да му се верува ли на Кошелни?

Со години е столб на одбраната на Арсенал, но и со години прави неочекувани грешки во последниот ред. Навивачите на Арсенал се поделени, Венгер и управата му веруваат.

Најголемиот кикс во кариерата на Виктор Валдес

Еден од најтрофејните европски голмани наместо во Лигата на шампионите, заврши на суд во Монако. Во Манчестер 8 месеци тренирал сам на страна, а денес го чува голот на белгискиот Стандард Лиеж.

Врвниот киксер кој беше инспирација за филмот Кенгур

Во петокот се одбележаа шест години од смртта на Петар Борота, легендарниот голман на Партизан и Челси кој се памети по три неверојатни кикса во кариерата.

И вие после се жалите на коментаторите?

Недељко Ковињало е коментатор на РТС кој припаѓа на повозрасната генерација коментатори, а неговата небрежност често е предмет на потсмев. Во текот на еден пренос од 90 и кусур минути, повеќе од 10 пати се извинува за грешките кои ги прави.

Среќа голманска

ПСВ Ајндховен со 1-3 го совлада Твенте во дербито од холандското првенство, но малку фалеше резултатот да биде поинаков по вина на голманот Жерон Зоет.

Откажи се од боксување

Голманот на Израел, Ариел Харуш поради финансиски проблеми нема земено плата од својот клуб Беитар Јерусалем, но тоа не е причина да киксира за репрезентација. Неговата селекција загуби од Мексико со 3:0, а по катастрофалната проценка на првиот гол, среќата не го посака на вториот. 

Немој само толку јако да ја рогаш

Ли Линч од ирската прва лига е дефинитивно најголемиот трагичар на колото. Неговиот тим загуби со 4:0, а пред да го прими третиот гол ископа дупка.

Викенд на голмански киксеви

Во последно време зачестија голманските гафови. Минатата недела двајца прогласивме за офсајд ликови, а викендов уште неколку од нив посебно се истакнаа, па слободно можеме на сајтов да отвориме и посебна категорија за голмани.

Киксерска фудбалска ноќ

Кларенс Сидорф се соочи со елиминација во италијанскиот куп од Удинезе на домашен терен, исто како и ПСЖ од Монпеље, а Дејвид Мојс не го издржа двобојот против последнопласнираниот Сандерленд во Лига Купот. Само Барселона им го обели образот на гигантите минатата ноќ во куп натпреварите.

Кутриот студентски голман

Џордан Скарлет на универзитетски натпревар во САД испрати “бомба“ во манир на голем стрелец по која станаа на нозе сите негови соиграчи од клупата, но доби огромна помош од јадниот чувар на мрежата кој ја направи најлошата можна интервенција.

Голманот на кој цел свет му фаќа сеир

Чуварот на мрежата на младинската репрезентација на Шкотска не само што прими шест гола на натпреварот против Англија, туку успеа да направи и киксови за кои му се смее цел свет.

Офсајд лик на неделата: Марк-Андре тер Штеген

Голманот Марк-Андре Тер Штеген за кој се заинтересирани сите поголеми европски клубови и во кој Германците гледаа сигурен чувар на мрежата во иднина, прими 12 гола на трите настапи за репрезентацијата, а еден од нив беше кикс каков што ретко се гледа на фудбалските терени.