Чилеанецот кој покажа како се сака својата репрезентација

Сме виделе и порано, а Купот на Конфедерации во Русија нè увери дека Јужно-американците играат со посебна страст кога ќе го облечат дресот со грбот на својата земја. Чилеанците гризеа како да е „Суден ден“ а човекот што направи кикс зборуваше за најголемата болка во животот.

Во неделата во Русија заврши еден фудбалски турнир кој се игра една година пред Мундијалот во земјата домаќин на истиот. Куп на Конфедерации - како подготовка за она што ги чека организаторите во мундијалската година (капацитет, сместување, регулирање сообраќај, оддржување јавен ред и мир и сл.) Многумина викаат тотално ’безвезно’ натпреварување кое не го гледаат ни фамилиите на играчите.

Но дали е баш така?

„Конфед Купот“ пред неколку дена се играше и заврши во Русија а го освои Германија која во финалето го победи Чиле со 1-0.

Клучна епизода во финалето на Купот на Конфедерации беше кардиналната грешка на Чилеанецот Марсело Дијаз. 30-годишниот стопер на Селта Виго, под пресинг од напаѓачот на Германија Тимо Вернер бавно тргна во дриблинг, и му ја подари во нозе на Германецот кој брзо асистираше до Ларс Штиндл и Чилеанците примија лесен гол. Само втор на Купот на Конфедерации, но најболен.

Финалето заврши со тој еден гол и Германија стана шампион, а Чилеанците помалку несвојствено за некој кој загубил Куп на Конфедерации, плачеа како деца. Но никој не ја знаел правата болка на ’грешникот’ Диаз.

После натпреварот селекторот на Чиле Хуан Антонио Пици изјави:

„Сите сме растроени, а тој (Диаз) е најмногу од сите. Но сакаме и натаму да игра како досега. Екипата игра така како што игра благодарение на фудбалери како него. Тој е наш лидер.“

Се појави и Артуро Видал:

„Грешки се случуваат, нема за што да се прекорува. Оваа селекција е како семејство“.

Во микс-зоната пред новинарите излезе и самиот Диаз. Не можел да ги задржи солзите:

„Не сакам да го кривам теренот затоа што тоа беше само моја грешка. Тимот играше добро но мојата грешка нè чинеше пораз“.

Кога стоперот имал 16 години неговиот брат извршил самоубиство. После мечот Диаз им се обратил на Чилеанците преку Инстаграм и признал дека смртта на брат му и грешката во финалето на Купот на Конфедерации се две работи кои секогаш ќе го болат.

„Пред 14 години ја доживеав најтажната епизода во животот, кога умре мојот сакан брат. Сега видов каква е најтажната епизода во фудбалската кариера. Грешката ни одмогна да го освоиме Купот на Конфедерации.

Јас секогаш викав дека фудбалот никогаш нема да ми нанесе болка како што ми беше тогаш со брат ми. Но згрешив. Вистина е дека како и тогаш, така и сега плачев и се чуствувам ужасно. Таа грутка ќе ми остане до крајот на животот. Но знам дека мора да се кренам и да се борам секој ден затоа што животот е така уреден. Животот е за храбри а јас мислам дека сум еден од нив“, искрено напишал Марсело Диаз на Инстаграм.

 

Queridos Chilenos, en este momento tan difícil quiero agradecer a cada uno de ustedes por el apoyo que me están brindando, me hacen sentir especial e importante. Les contaré una historia: Hace casi 14 años me tocó vivir la situación más dolorosa de mi vida familiar con el fallecimiento de mi querido hermano, hoy casi 14 años después me tocó vivir la situación más dolorosa en el fútbol por un error garrafal que nos perjudicó en la obtención de la Copa Confederaciones, siempre dije que el fútbol no me haría sufrir como aquella vez, pero estaba totalmente equivocado, pero tal como lo hice esa vez, lloraré, lo pasaré muy mal, me sentiré horrible y guardaré una pena por el resto de mi vida, pero lo que tengo más claro es que me debo poner de pie y seguir luchando día a día, porque la vida es así y siempre lo he dicho, la vida es para los valientes y yo me creo uno de ellos, este seguramente será el peor error en mi carrera deportiva pero creo que será el mejor aprendizaje y trabajaré muy duro para pasar este mal momento y corregir lo malo. Agradezco infinitamente el apoyo que me han dado mis compañeros, cuerpo técnico, dirigentes y cada uno de los que integra esta hermosa selección chilena, también a todas aquellas personas que me han escrito y están dejando su huella, pero principalmente a mi familia y amigos, quienes son los incondicionales de siempre... Esto me hará más fuerte aún y de eso no tengo duda, perdón por mi error y prometo remediarlo tarde o temprano. Pd: caer está permitido, levantarse es obligación. Viva CHILE mierda. Atte: Marcelo Díaz.

A post shared by Marcelo Diaz (@chelodiaz_21) on