Една од најголемите желби во животот му била дедо му да дојде да го гледа на дербито против Реал Мадрид на „Камп Ноу“. Дедо му кој како мал секојдневно го возел на тренинг и назад до дома. Ова е фудбалската приазна на Марк-Андре Тер Штеген.
Во второто дерби на колото во Ла Лига (првото го доби Реал против Атлетико Мадрид), германскиот репрезентативен голман Тер Штеген беше најзаслужен што Барселона непоразена замина од „Сан Мамеш“ во Билбао.
Во современата историја на Барселона голманите никогаш не биле клучни луѓе на терен, но Германецот Тер Штеген го смени тоа и стана еден од главните носители на екипата.
Селта сензационално водеше со 3:0 против Барселона после 33. минути игра. Ретко кој ја понижил Барса така за кратко време. Но Каталонците во еден момент се вратија на 3:2 и сите мислеа дека ќе следува пресврт. Таман кога нападнаа за израмнување, германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген направи неверојатна глупост и мечот тука заврши.
Со натпреварите Република Чешка - Данска и Германија - Србија вечерва започнува Европското првенство за фудбалери до 21 година, турнир на кој во минатото се прославуваа Чави, Пирло, Фабрегас, Џилардино, Неста.
Ги сруши сите можни рекорди, најдобар стрелец е во историјата на клубот, а тоа што го прави на теренот, го прави и на тренинзите. Голманите немаат раат од него, ниту на загревањето.
Фудбалските работници често велат дека за да бидеш голман, треба да си будала. Обично тој што ќе ја добие „единицата" влегува во прв состав, а „12-та" дреме на клупа. Конкуренцијата наредната сезона во некои клубови ќе биде многу поголема поради Јужноамериканците кои блеснаа на Мундијалот.
Голманот Марк-Андре Тер Штеген за кој се заинтересирани сите поголеми европски клубови и во кој Германците гледаа сигурен чувар на мрежата во иднина, прими 12 гола на трите настапи за репрезентацијата, а еден од нив беше кикс каков што ретко се гледа на фудбалските терени.