Минатиот ноември, официјалниот Твитер на Барселона објави фотографија од Меси и Тер Штеген со натпис: „Двете најголеми причини зошто сме ние таму каде што сме сега.“ И во право беа. Каталонците имаат ретко добар чувар на мрежата кој им допушта на соиграчите во нападот да направат некоја грешка во додавањата па он да спасува контра.
„Може да се каже дека тој вадеше костени од оганот“, рекол тренерот Валверде после мечот.
Досега сезонава Марк-Андре примил 11 гола во Ла Лига. До летото 2016 Германецот воопшто не беше прв голман туку го делеше местото со Клаудио Браво и добиваше помалку минутажа.
Тоа Тер-Штеген како да го разочара па во еден момент се спремаше за премин во Манчестер Сити (во тој период Сити размислувал за трансфер на Тер-Штеген а не на Браво). Барса требаше да одбере една „единица„ и се реши за Германецот.
По зборовите на германската легенда Лотар Матеус, репрезентацијата на Германија веќе треба да му се довери на Марк и тој да стане редовен и стандарден голман.
„Нојер сега не е во формата во која беше пред повредата. А Тер-Штеген секоја година покажува светска класа во Барселна. Мислам дека заслужи шанса да игра на важни натпревари за репрезентацијата од стартот, дури и ако Нојер е достапен во тој момент.“
Во саботата вечерта, Барселона на „Камп Ноу“ во дербито на колото ја совлада Севиља со 4:2 а играч на мечот беше Тер Штеген кој имаше неколку апсолутно неверојатни одбрани.
Во 60’ минута од мечот против Севиља, Тер Штеген прво одбрани една „мртва топка“ по ударот на шпицот Андре Силва а подоцна имаше уште два страшни одбрани по обидите на Франк Васкез.
Во 86’ минута одново на два пати ја спаси Барселона, можеби уште поневеројатно од првиот пат. Одбраната на Барса киксна во средишниот дел пред голот, Сарабија остана буквално еден-на-еден но Тер Штеген го одбрани и неговиот шут а потоа и шутот на Бен Једер:
@mterstegen1 unbelivable game man of the match for sure #soccer #skills #tallent #hero #BarcaSevilla #fcbarcelona #forcabarça #TerStegen #LetsFootball 🔥🔥🔥🔥💯💯💯💯 pic.twitter.com/DAzSmDEnYr
— Larrymessi11 (@Larry_Messi_11) October 21, 2018
The wall @mterstegen1 ❤️#BarçaSevilla #FCBarcelona #Germany #fcblive pic.twitter.com/PYcx62q23H
— Amar (@Amarfcb_) October 21, 2018
„Луѓето не бранат вака“, викаше еден од коментаторите во преносот.
Интересно, Марк-Андре тер Штеген има и еден личен ритуал за време на натпреварите додека брани. Секој пат кога неговите соиграчи ќе дадат гол, германскиот чувар на мрежата го прави истото: