Детето кое почнало да брани во гаража, па стана врвен голман на Барселона

Една од најголемите желби во животот му била дедо му да дојде да го гледа на дербито против Реал Мадрид на „Камп Ноу“. Дедо му кој како мал секојдневно го возел на тренинг и назад до дома. Ова е фудбалската приазна на Марк-Андре Тер Штеген.

Марк-Андре Тер Штеген имал само три години кога почнал да ги брани шутевите со топка на постариот брат во гаража. На почеток не му се допаднало баш само да брани, а излегувањето во прекрасниот двор со мека трева не му бил дозволен зошто мајка му веднаш почнувала да урла од страв дека омиленото цвеќе ќе и биде уништено.

Кога малиот Марк-Андре наполнил четири години, дедо му преку познати пријатели договорил малиот да тренира со најмладите категории на Борусија Менхенгладбах.

Во тој период Тер Штеген веќе не играл во гаражата, фудбалскиот терен му бил бескрајна радост.

„Бев потполно збунет. Немав појма дека има два гола“, пишува Тер Штеген во колумната за The Players' Tribune и додава: „Еднаш топката во мене, трчам кон голот, ги слушам мајка ми, дедо ми, баба ми како нешто викаат. Си мислам во себе: браво изгледа успеав. Давам гол, а они сите викаат нешто. Некој пред голот ми вика: во погрешна страна трчаше“.

После неколку дена Тер Штеген се вљубил во тренинзите и сакал да дава што повеќе голови. Но набрзо се се сменило.

На еден турнир на голманот на најмладите категории му протекло крв од нос, малиот го изнеле од терен а резервен голман немале. Тогаш тренерот побарал од Марк-Андре Тер Штеген да ги облече ракавиците.

„И ми се допадна да бранам. Немаше некои драстични промени, не се вљубив веднаш во голманската позиција. Беше забавно. И секој следен пат кога застанував на голот ми беше сè попријатно“, се сеќава Тер Штеген.

Детето кое бранело и натаму имало проблеми со течење крв од нос па Тер Штеген се почесто бранел. Одвреме навреме помислувал да оди напред да игра во напад, но тренерот секогаш му викал дека не смее да излетува од голот.

„Или ќе браниш или можеш да одиш во друг клуб“, му рекол еднаш тренерот со лут глас. Тер Штеген не размислувал многу.

„Веднаш решив. Во тоа време имаше друга екипа која прифати да играм напаѓач, но давањето голови веќе не ме радуваше. Сакав само да останам во Менхенгладбах. Главна причина беше домот. Клубот го знам од четири години. И уште родителите во тоа време се разведуваа кога тренерот ме стави пред избор. Моето семејство се распаѓаше и фудбалот многу ми значеше. Менхенгладбах беше моја личност“, се сеќава голманот на германската репрезентација.

Во тој период живеел со мајка му и со очувот. Имал добар однос со нив, но многу се приврзал со баба му и дедо му - тие живееле во друга населба и Марк-Андре едвај чекал да спие кај нив.

„Со татко ми немав никакви контакти и не се обидувам тоа да го сменам. Баба ми ми спремаше леп со мармелад за доручек. Тоа беше превкусно, но најмногу од се ги паметам емоциите, се чуствував сакан, многу сакан“, раскажал голманот за Bild во 2011-та.

Дедо му го возел на секој тренинг. Патот од дома до стадион го памети ден-денес. На задното седиште го чекала кифла од локалната пекара и тој ја јадел додека стигне на тренинг. Некогаш им носел и на другарите.

Многу време поминувал со дедо му. Постојано листале семејни албуми со фудбалски фотографии и гледале филмови. 

ОДНОСОТ КОН ФУДБАЛОТ ГО СМЕНИЛ НА 14 ГОДИНИ

Ако до оваа возраст од 14 години играл претежно за забава и хоби со другарите, еден момент кога имал 14 години му сменил мислење. Тренерот после еден кикс му се изнавикал па Марк-Андре се расплакал во кола кај мајка му кога тренингот завршил.

„Се свестив после неколку дена. Да, играв многу лошо, мора да признаам. Тренерот точно знаеше на што треба да работам. Дали беше строг со мене? Сеако. Иако искрено тоа ми требаше. Ми требаше некој да ми покаже што ме чека ако сакам да станам професионален фудбалер. Мислам дека тогаш одлучив дека сакам навистина да се посветам на фудбал. Станав строг кон себе. Кога наполнив 15 години и почнав да возам скутер, му реков на дедо ми дека сакам сам да одам на тренинг. Не му беше лесно да прифати но на крај успеа“.

Дедо му секако му ѕвонел на 10 минути пред да почне тренингот. Некогаш оделе и заедно како во детството. Но само со еден услов: без кифла на задното седиште.

******

„Мислам дека искуството што го имав кога играв во напад како мал, направи поинаков голман од мене. Го гледав теренот многу поразлично отколку што го користев. И тоа ми помогна да се пробијам меѓу другите во академијата“, раскажал 19-годишниот Тер Штеген кога го викнале во првиот тим на Борусија Менхенгладбах.

Тренерот Лусиен Фавре кој тогаш беше тренер на Борусија, имал доверба во младиот голман.

„Многу е паметен, уште како помлад сфатил дека за голман е важно да ја чуствуваш играта меѓу секоја линија и тој сакаше да игра со играчите во поле“, рекол Фавре.

Кога веќе станал стандарден голман на Борусија, побарал од домашните да не му го одвлекуваат вниманието од фудбалот. Иако бил приврзан со нив, го нервирале ситни апели да помогне со преселба на мебел или плакари. Не сакал ниту да доаѓаат на стадион зошто не знаел како ќе реагираат ако згреши а навивачите го исвиркуваат и навредуваат. Но тоа чувство исчезнало.

 „Во втората сезона дедо ми веќе беше на трибините. И последниот мој меч за Менхенгладбах не можев да го замислам без него. Или без мајка ми. Или без семејството на мојата идна жена. Сигурен бев во тоа што го правев на теренот и веќе не сакав да бидам сам таму“, раскажува Тер Штеген.

„Во втората сезона дедо ми веќе беше на трибините. И последниот мој меч за Менхенгладбах не можев да го замислам без него. Или без мајка ми. Или без семејството на мојата идна жена. Сигурен бев во тоа што го правев на теренот и веќе не сакав да бидам сам таму“, раскажува Тер Штеген.

Мајка му на Марк-Андре навивала за Борусија Менхенгладбах од 14 години и долго време не можела да се реши да оди на стадион да гледа како синот гордо брани.

„Неговото деби го гледав на телевизија зошто толку мнгоу се нервирав, мислам дека срцето немаше да ми издржи. Тоа е многу чудно чувство, да го видиш синот во голем клуб. Многу тешко преживуваше се, после поразите подобро воопшто не му зборете некој час додека не дојде при себе и да ви одговори“, раскажала мајка му за Rheinische Post.

Во 2012-та најголемиот спортски весник во Германија Kicker го прогласи Тер Штеген за најдобар голман на сезоната, а после две години со богата понуда за него се јавила Барселона. Големите клубови биле заинтересирани за Марк-Андре не само поради тоа што е одличен голман туку поради неговите успеси надвор од теренот.

Пред да потпише договор со Барселона за 12 милиони евра, Каталонците прво го пратиле во Германија поранешниот спортски директор Андони Зубизарета.

„Сакаа да знаат каков сум како човек и како се однесувам во екипата кога не играм. Не очекував дека Зуби толку многу ќе влијае на мојата одлука. Уште од прва секунда муабет со него, веќе природно се чувствував. Ми раскажа за клубот, за историјата, за личното искуство. Како е да се премине во друга екипа, да се преселиш во друг град. Ми кажа што значи да се биде играч на Барселона. Многу пријатна личност“, го памти Тер Штеген перидоот кога Зубизарета го запознавал со Барса.

*****

Во првите денови на „Камп Ноу“ му било тешко. Не зборувал ниту шпански ниту англиски. Едвај се разбирал со соиграчите и уште помалку со тренерот. Но после месец дена Барса потпиша со Иван Ракитиќ и на Тер Штеген му олесна.

„Ракитиќ играше во Шалке од 2007 до 2011, зборува германски совршено и шпански. Тој буквално стана мој преведувач во првите неколку месеци. Ми помагаше кога нешто сакав да разберам од тренерот“.

Проблемите на стартот не му биле само поради незнаењето јазик. Првите неколку натпревари во сезоната 2014/2015 ги пропуштил поради повреда, а кога веќе се опоравил, прв голман стана Клаудио Браво.

Чилеанецот бранеше на сите натпревари во Примера, а Тер Штеген одвреме навреме само во Копа дел Реј и во Лига на шампиони.

Во октомври лани ESPN пишуваше за новата книга на новинарите Луис Мартин и Пол Балус за Пеп Гвардиола во Манчестер. Таму има и детали за недоговорениот трансфер на Тер Штеген во Сити.

Се испоставило дека Германецот решил да остане во Шпанија поради девоја му Даниела Јеле која што во Барселона завршувала архитектура и не можела да се префрли на универзитетот во Манчестер поради административни проблеми. Тогаш Сити решил да го доведе конкурентот на Марк-Андре, Клаудио Браво.

„Сè е веќе минато. Но точно е, вистина е дека заедно решивме што ќе правиме. Даниела учеше и строго се постави кон факултетот. Секако најдобра варијанта беше да останам таму каде што сум но малку играв и не беше лесно. Кога ќе почнете да учите во еден град, а после треба кардинално да го менувате животот, не е лесно. Но среќен сум што останав во Барселона. Даниела исто. Сакав најдобро за неа, сега двајцата сме среќни“.

Во 2017-та година се венчале. Марк-Андре Тер Штеген во меѓувреме стана стандарден и незаменлив голман на Барселона, еден од најдобрите во Европа. Стана и заменик-капитен на екипата.

Тој со сопругата живее во центарот на Барселона, близу познатиот булевар Рамбла и со ништо не се разликува од локалните жители. Вози мотор, пазари овошје, пие кафе на столиците на улица итн.

Во мај лани пред Ел Класико со Реал Мадрид, главна желба на Тер Штеген била: Дедо му којшто го возел со години на првите тренинзи, да го гледа внукот на огромниот и култен „Камп Ноу“.

„Најблисите ми дадоа се: дисциплина, труд, правдољубивост. Дојдов во Борусија (М) кога имав четири години и цело време бев заедно со моите. Нема сомнеж, ова е наша заедничка кариера“, констатира Тер Штеген.