Актуелниот шампион на Македонија ќе бара нов тренер. Словенецот Пипан кој го предводеше МЗТ Скопје до втората титула и за време на одличното издание во дебитантската сезона во АБА лигата реши да премине во Унион Олимпија.
Словенечките медиуми во изминатите денови шпекулираа дека Пипан ќе се врати дома, директорот на клубот тврдеше дека тие се подготвени да му понудат многу повеќе пари од МЗТ Скопје, па од денес тој и официјално го презема кормилото од Македонецот Сашо Филиповски.