Маестрален премиерен меч за кошаркарите на МЗТ Скопје во новата сезона од АБА лигата. Словенечкиот шампион Унион Олимпија беше тотално надигран во текот на целиот натпревар од шампионот на Македонија кој оствари висок триумф од 79:60.
Словенецот Алеш Пипан повеќе не е тренер на МЗТ Скопје. Тој се враќа во родната земја и следната сезона ќе го предводи тимот на Унион Олимпија.