Екипата на Базел викендов по 4-ти пат во серија стана шампион на Швајцарија, но освен навивачите на овој клуб, на оваа титула најмногу и се израдувал и еден Ирец.
Базел и уште 11 други европски екипи биле на тикетот на ирскиот кладилничар уплатен пред почетокот на сезоната. Тој уплатил 150 евра во кладилницата Paddy Power на 12 шампиони на европски лиги, а добивката изнесува 102592,71 евра.
Добитниот тикет:
Јувентус (шампион на Италија) - коефициент 2,1
Галатасарај (Турција) - 2,38
Баерн Минхен (Германија) - 1,83
Ајакс (Холандија) - 2,63
Лимерик (Ирска 2) - 1,2
Слиго (Ирска) - 1,44
Монако (Франција 2) - 2
ПСЖ (Франција) - 1,36
Копенхаген (Данска) - 1,29
Базел (Швајцарија) - 1,73
Андерлехт (Белгија) - 1,73
Елфсборг (Шведска) - 1,57