Најдобриот кошаркар во НБА лигата, Леброн Џејмс се покажа дека не може сам да ги решава сите натпревари за својот тим. На последниот висок пораз од Индијана со 91:77, Мајами имаше очаен учинок од поле, но според статистиките најлошата форма кај бранителот на титулата ја има Двен Вејд.
Тој погоди само 3 од вкупно 11 шутеви и постигна вкупно 11 поени, а неговата изјава по мечот беше дека заедно со Крис мораат повеќе да допринесуваат во играта, да добиваат повеќе шанси за шут, но и да го поправат процентот на прецизност.
Згора на се Вејд има и повреда на коленото за која одбива да зборува, а тоа е причина плус за неговиот најлош плејоф во кариерата. Разликата во неговиот допринес во текот на сезоната и плејофот е драстично различна, а најдобар доказ за тоа се статистичките податоци.
1. Пет од 12-те најслаби партии на кои постигнувал кошеви откако е дојден во редовите на Мајами е токму во годинашниот плејоф.
2. Вејд има постигнато 51 слободно фрлање во текот на плејофот мечевите. Истата бројка тој ја има постигнато во само 2 меча во финалето во 2006 година.
3. Во споредба со неговиот просек во плејофот во целата кариера, тој просечно сега постигнува 10,3 поени помалку по натпревар, шутира 5,7 пати помалку и постигнува 4,4 поени помалку од линија за слободни.
4. Според оваа мапа тој нема обиди за три поени во плејофот мечевите.