Таг: двејн вејд

Нешто старо од Двејн Вејд, ама многу јако

Се работи за 2005-та кога Спарси беа шампиони. Главната ролја во видеово ја има Двејн Вејд, 23 годишен во тоа време. Мајами води против Феникс и се игра крајот на третата четвртина, што значи не е зорт за да се експлодира вака, ама Вејд се истакнува со крајно дрска игра во одбрана и уште подрзок кош.

Соочување на Леброн Џејмс и Двејн Вејд, лето 2003-та

Снимката е всушност од годината кога Џејмс беше избран за прв, а Вејд за петти пик на драфтот и 10 години пред да му донесат на Мајами Хит две шампионски титули по ред. Првиот уште игра на 38 години, а другиот се повлече пред три години и сега има 41.

Култните Вејд и Новицки ги одиграа последните средби пред своја публика

Уште две легенди со кои пораснаа многу генерации го истрчаа последниот круг пред своите навивачи, во салите во кои освојуваа трофеи, славеа победи, признаваа порази. Крај на кариерата за Дирк Новицки и Двејн Вејд.

Многу чуден кош на Вејд со сирената, за победа над шампионот

Му се држеше Мајами на Голден Стејт речиси цел натпревар, се враќаа резултатски долго време, а на крајот легендата на Хит ја реши со многу чуден шут. На крајот 126-125 за Мајами во чии редови блескаше Горан Драгиќ со 27 поени.

„Додека е Трамп таму, мене не ме гледате во Белата Куќа“

Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.

Што мислат спортистите за изборот на Трамп

Американски одбојкар кој игра во Италија бара жена за да остане таму, Џамал Крафорд е исплашен, а Винсент Компани има еден интересен предлог.

Вејд погоди преку половина терен, Роуз одговори на критиките

Булси на девет минути пред крајот водеа 10 поени разлика, Минесота ги стигна на пет минути пред крајот, но во финишот мајстории правеше Дерик Роуз.

Двејн Вејд чука на вратата на Лос Анџелес Лејкерс

Ако Двејн Вејд се обидува да блефира за да добие нов, побогат договор од Мајами Хит, тогаш тој и татко му прават навистина добра стратегија, но ги загрижуваат навивачите на франшизата каде игра 12 години и освои 3 титули.

Кавалерите убедливи, Вејд се повреди

Голден Стејт Вориорс, Хјустон Рокитс и Кливленд Кавалирс славеа победи на единствените три натпревари синоќа во НБА. Се повреди Двејн Вејд, а Голден Стејт победи со звукот на сирената.

Бруклин решен да игра плејоф, 40 поени за Двејн Вејд

Сан Антонио го победи Мемфис 13. пат на последните 16 соочувања, Двејн Вејд одигра фантастична вечер, а Бруклин цврсто го држи осмото место кое води во доигрувањата.

Вејд во ритам против Леброн, 23 победа на гости за Антиќ

Двејн Вејд со 32 поени сам го победи Кливленд на Леброн Џејмс. Кајл Лаури запиша трипл-дабл, Атланта славеше во Сакраменто и стекна предност на домашен терен во Плејофот.

Резервираната Атланта поразена од Денвер, 6 поени за Антиќ

Во дербито на вечерта во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес Клиперс предводен од феноменалниот Крис Пол ја совлада Оклахома Сити на гости. Хокси поразени од Нагетси.

Вечер на Двејн Вејд и Џејмс Харден, пораз за Атланта

Во ноќта меѓу сабота и недела во НБА се одиграа осум натпревари, а вечерта ја одбележа поразот на Атланта од Филаделфија. Вејд го носеше Мајами до победа над Сакраменто после продолженија.

Леброн и Гасол во нови авантури, Данкан по шести прстен

Со враќањето во Кливленд, Џејмс како да ја отвори вратата на трансферите во НБА. Нова средина одбра и Пол Гасол, а верноста на дело ја покажаа староседелците Данкан, Новицки и Вејд.

Да не му дадеш контра напад на шампионот

Дуото на Мајами, Леброн Џејмс и Двејн Вејд како подарок за Божиќ не почастија со по некое атрактивно забивање на гостувањето против Лејкерси и тоа не еднаш.

Четири причини за мизерниот учинок на Двејн Вејд

Во шестата пресметка од финалето на Источната конференција кошаркарите на Индијана се изборија за мајсторка против Мајами Хит. Актуелниот шампион имаше катастрофални 36% шут од поле, но еден од клучните фактори за променливата нивна игра е падот на формата на Вејд.

Двејн Вејд оди на матурска

Во една од оние ЈуТјуб покани за матурска, девојче од Мајами го кани Вејд да и биде партнер. Го прави видеото, го пушта на ЈуТјуб и го заборава. На матурска трга со другарките, без да се надева на било што.

Вејд му се истури на тренерот

Двејн Вејд имаше лош ден при поразот на Мајами од Индијана, а тој својот бес го истури на тренерот Ерик Сполстра.