Индијана Пејсерс го победија Мајами со 94:75 и тимот од Флорида сега губи со 2:1 во полуфиналната плејоф серија.
Една од причините за поразот на Мајами беше и очајната игра на Двејн Вејд кој постигна само пет поени со катастрофална реализација со само два од 13 обиди.
При тајм-аут во третата четвртина, тренерот Сполстра најверојатно му подели неколку критики по што Вејд бурно реагираше и мораше да биде смируван од соиграчите.