Кливленд Кавалирс на убедлив начин со 114:88 го совлада Мајами, а во дербито на вечерта Хјустон едвај го победи Далас 108:101.
Харисон Барнс од Голден Стејт направи две големи грешки во одбрана против Феникс Санс, но се исправи со кош на 0,4 до крајота за 11-та победа на Воините по ред.
Лидерот на Западот беше во заостаток од 4 поени, но Стефон Кари и Клеј Томпсон со тројки го трасираа патот до победата. Токму Кари со 28 поени (10-22 за игра, 6-11 за три), осум скокови и пет асистенции беше најефикасен кај Голден Стејт. Клеј Томпсон го следеше со 16 поени и шест асистенции. Енрју Богут уфрли осум поени, а имаше девет скокови.
Кај поразените Санси, Ерик Бледсоу беше најефикасен со 18 поени и 11 асистенции, а во составот од Аризона дури шест играчи беа двоцифрени. Брендан Рјат (16 поени, 12 скокови) и Маркиф Морис (17 поени и 12 скокови) имаа дабл-дабл учинок.
Триумфот на Кливленд над Мајами остана во сенка на повредата на Двејн Вејд, кој според последните информации не се повредил сериозно но може да го пропушти клучниот натпревар за плејофот против Детроит во сабота.
Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со по 23 поени беа најзаслужни за 17. победа по ред на Кливленд на домашен терен. Тристан Томпсон имаше 15 скокови за тимот од Охајо кој од 15. јануари досега има учинок од 30 победи и само 7 порази. Иман Шамперт уфрли 17 поени за Кавси, кои синоќа играа без Кевин Лав. Во редовите на Мајами Хит, Луол Денг и Хасан Вајтсајд дадоа по 17 поени. Во следното коло, Кливленд го пречекува Чикаго, а Мајами игра против Детроит Пистонс.
По 51 поен во претходното коло, Харден синоќа имаше помалку од половина во дербито Хјустон-Далас. Маверикси водеа во текот на целиот натпревар, но Ракетите се вратија во игра, а Харден и Ариза го решија мечот во финишот.
Харден имаше 24 поени и 6 асистенции, Ариза уфрли 19, а Смит на крајот од средбата забележа дабл-дабл учинок од 15 поени и 12 скокови. Кај Мавси, Германецот Новицки беше најефикасен со 21 поен и 7 скокови.