Искажаните зборови тежат многу, па Кевин Дурент размислувал долго пред да каже било што: „Не, ако треба да нè поканат во Белата Куќа јас нема да одам во посета кај Доналд Трамп. Не го почитувам како претседател, не се сложувам со тоа што го зборува и мисли и пред се со тој гест сакам да им го разјаснам мојот став на сите“.
„Мислење е лично мое и не се одразува на позицијата и ставот на клубот но ги познавам добро моите соиграчи и знам дека се согласуваат со мене“, додава најдобриот играч на Голден Стејт минатата сезона и НБА суперѕвезда.
Одбивањето на Дурент да оди со шампионскиот тим во евентуална посета на Белата Куќа се уште не значи многу затоа што Голден Стејт не се сеуште поканети.
Но и покрај тоа, кошаркарот роден на помалку од 20 километри од Белата Куќа каде престојува претседателот на САД во комшилукот на Вашингтон (Seat Pleasant, Maryland) и кој вели дека од мал сонува да го внесе трофејот Лери О’Брајен во дворот на Белата Куќа, желбата ќе ја одложи за некое друго време.
Дурент, како и голем дел од афро-американската заедница не се согласува со присуството на Доналд Трамп во Овалната Сала на Белата Куќа а таквото мислење го делат и други НБА играчи.
ПРИЧИНИТЕ ЗА ВАКВИОТ АНТИ-ТРАМП СТАВ
Календарот за новата сезона во НБА кој беше објавен неодамна им донесе гостување на Голден Стејт против Вашингтон Визардс на 28 февруари 2018: Обично екипите кои гостуваат во главниот град му изразуваат почит на претседателот на САД со поседа во Белата Куќа.
Иако тренерот на тимот од Калифорнија Стив Кер ги охрабрил своите во однос на посетата („Во еден вака тежок момент би бил убав гест да се покаже респект кон институцијата претседател, кон владата“), Дурент може да не биде единствениот кој ќе ја одбие поканата (Стеф Кари и Андре Игудала беа многу критични во однос на акциите и потезите на Трамп во кампањата).
„Откако го избраа, поточно откако се појаив на листата со кандидати нашата земја стана најподелена од кога и да било и не случајно е така“, вели Кевин Дурент и додава:
„Со Барак Обама како претседател работите се чини одеа кон подобро, но со Трамп тргнавме по една опасна улица. Се почнува од водството, така што мислам дека додека не го видеме надвор од Белата Куќа нема да имаме никаков напредок“.
Дурент не е првата афро-американска суперѕвезда која се спротивстави на политиката на Доналд Трамп. Неговото мислење јавно го делат и Леброн Џејмс, Кармело Ентони, Расел Вестбрук, Крис Пол и Двејн Вејд.
„Ова што се случи во Шарлотсвил е незамисливо“, заклучува Дурент во однос на крвавите немири на расна основа во претходните недели во САД.