Вејд погоди преку половина терен, Роуз одговори на критиките

Булси на девет минути пред крајот водеа 10 поени разлика, Минесота ги стигна на пет минути пред крајот, но во финишот мајстории правеше Дерик Роуз.

Двејн Вејд уфрли 25 поени (11-19 од игра), вклучувајќи го и шутот од преку пола терен на крајот од првото полувреме и беше најзаслужен за триумфот на Мајами во Минесота. Горан Драгиќ додаде 18 поени, Крис Бош 16 со 12 скокови.

Вејд преку пола терен:

Сите поени на Вејд:

 

Кога гласините за неговото напуштање на Чикаго се гласни, Дерик Роуз го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната и со 29 поени го поведе својот тим до победа над Оклахома. Ди Роуз даде 10 поени во последните три и пол минути заклучно со двата поени на крајот со кој се одлучи мечот. На крајот имаше 29 поени, 5 скокови и 7 асистенции.

Ди Роуз си поигруваше со играчите на Оклахома:

Сите поени на мечот на Роуз:

Клучните два поени на крајот:

РЕЗУЛТАТИ:
Чикаго - Оклахома 104-98
Минесота - Мајами 84-96
Далас - Шарлот 94-108
Денвер - Јута 84-96
Портланд - Мемфис 115-96