Култните Вејд и Новицки ги одиграа последните средби пред своја публика

Уште две легенди со кои пораснаа многу генерации го истрчаа последниот круг пред своите навивачи, во салите во кои освојуваа трофеи, славеа победи, признаваа порази. Крај на кариерата за Дирк Новицки и Двејн Вејд.

Во февруари и двете легенди добија специјални покани да настапат на нивниот последен Ол-Стар во кариерите, а синоќа Дирк и Вејн ги одиграа своите последни натпревари пред своите навивачи.

****

Двејн цела сезона уживаше во кошарката и го разменуваше својот дрес со ривалите. За неговиот последен меч во Мајами, гигантот Budweiser спреми супер видео во кое не зборуваат играчи, туку обични луѓе на чиј живот многу влијаел легендарниот Вејд:

Ги поддржувал после смрта на близок човек, помагал со уписи на Универзитет, спасувал деца од негативното влијание на улицата. Меѓу говорниците се и мајка му на Вејд, Џолинда на која Вејд веќе 15 години и помага да стои на страна од наркотиците и на која во 2008 година и купил црквено здание каде таа служи миси.

Ова неверојатно видео трае 4 минути и вреди секоја стотинка да го изгледате:

А за мечот против Филаделија, претпоследен во сезоната и последен на Флорида за Вејд, клубот Мајами спремил многу богата програма за својот најдобар кошаркар.

Трибините изгледале грандиозно:

Сезонава Вејд влегуваше во игра исклучиво од клупата за резерви, но за овој меч, тренерот на Хит Ерик Споелстра не можел а да не го стави од почеток.

Радоста од тоа што татко му после долго време од старт ќе истрча на паркетот не ја криел ниту син му Заир Вејд кој објавил:

Сите го чекале обраќањето на Двејн Вејд кој им заблагодарил на навивачите кои го поддржувале во текот на овие 16 години колку што играше во НБА (и како играч на Чикаго и Кливленд).

За тоа колку е голем Вејд покажа и обраќањето на поранешниот претседател на САД Барак Обама: 

Патиките на центарот на Мајами Хит Бем Адебајо беа специјално дизајнирани за големиот настан и испраќањето на Вејд во заслужена пензија: 

А најомилениот кошаркар во историјата на Мајами Хит постигна поени уште во првиот напад против Фила ’76:

Во еден момент од мечот, Вејд тргна по една топка и заврши во прв ред во скут кај пеачот Џон Леџент и моделот Криси Тајген:

Во четвртата четвртина, Вејд на теренот се појави во друштво со својот вечен следбеник, Јудонис Хаслем со кого заедно дебитираа за Мајами Хит во 2003 година и освоија дури три титули под истите сводови:

Хит ја згромија немотивираната Филаделфија, а легендата Вејд постигна дури 30 поени

 

После мечот, Вејд на сите свои соиграчи им раздал дресови со негов потпис и долго време позирал пред камерите со сите кошаркари на Мајами. Самиот во раце држел дрес во чест на неговиот менаџер Хенри Томас кој починал во 2018 година.

Тука било и неговото семејство, а син му Заир на татко му му подарил дрес на Хит неговиот број 2, како најава дека тргнува по неговиот пат:

Радоста на Вејд не ја расипал ниту Детроиот кој цел меч заостанувал 20 коша разлика против Мемфис за на крај да победи и да ги сруши сите надежи на Мајами дека може до плејофот. Синоќешниот меч Мајами - Филаделфија е официјално последен за Двејн Вејд во Мајами.

******

Празникот во чест на последниот меч на најдобриот Европеец што некогаш играл во НБА бил поскромен од оној на Вејд, но не затоа што во Далас не ја ценат својата најголема легенда, туку затоа што Германецот нема таков стил и самиот е скромен.

Без поздрави од Герхард Шредер, Ангела Меркел или проштални видеа од Lowenbrau. Во салата во Далас повеќе имало собир и дружба на син тепих отколку спектакуларни кореографии:

Последниот меч на Дирк Новицки во арената на Далас го нарекле 41.21.1, затоа што:

41 е бројот на дресот со кој најмногу не асоцира Германецот, како 23 со Џордан.

21 е бројот на сезони кои Новицки ги одигра во НБА и постави рекорд кој го дели со уште 4 играчи.

А бројот 1 не е бројот на освоени титули, ниту пак наградата MVP во лигата, туку го означува единствениот клуб за кој играше во НБА уште од 1998 година па до 2019-та - Далас Маверикс. 

Како и Двејн, така и Новицки влезе од стартот на мечот, иако сезонава не играше многу стандардно, секако поради позните години: 

Дирк, секогаш спремен за добра зафрканција, на загревањето куцал како ѕвер и ја станувал публиката на нозе:

На мечот против Феникс Санс во „Американ Ерлајнс“ арената, Новицки за брзо време стигна до 10 поени:

А после во текот на мечот Новицки го имаше и второто „куцање“ во сезоната. Трибините полудеа: 

 Главниот момент на вечерта не беше видео со играчките моменти на Новицки ниту поздрави од соиграчите и риалите. Најмногу емоции разбуди видео во кое се гледаат бесконечно многу хуманитарни акции на Новицки во Далас за овие 21 година. Дирк не можел да ги задржи солзите:

Самиот Дирк речиси секогаш е ведар и насмеан, па оттука и немало многу трогателни сцени и моменти во арената на Далас.

Сите петмина кои Дирк во текот на кариерата ги нарекуваше свои идоли беа во салата на неговиот последен меч во Далас - Скоти Пипен, Чарлс Баркли, Лери Бирд, Детлеф Шремф и Шон Кемп кои дојдоа да го поздрават идниот член на Куќата на славните во НБА:

Дирк беше солидарен со Вејд, па исто постигна 30 поени (сакал уште повеќе, но играчите на Феникс на крајот како да се заинатиле па не го пуштале). Оваа сезона тоа е најдобар учинок на Новицки: 

После мечот Новицки објавил дека и дефинитивно ја завршува кариерата. Регуларната НБА сезона за двајцата легендарни ветерани ќе заврши утре кога Двејн Вејд ќе ја одигра својата последна 1.119-та средба во кариерата (со се учества во плејофот) против Бруклин во Њујорк.

А Новицки својот 1.767 натпревари ќе го одигра на гости против Сан Антонио Спарс.