Оваа сезона на 380 натпревари од Премиер лигата, фудбалерите дури 265 пати шутирале во рамката на голот. Статистичарите од "Opta Sports" решија да ги вбројат овие удари како голови и направија алтернативно рангирање со променетите резултати, при што добија многу интересна табела.
Најмногу удари во стативите и пречките имале фудбалерите на Манчестер Јунајтед - дури 24. Но тие и онака победуваа често, па овие удари немаше да им сменат многу, односно на новата табела тие имаат 4 поени повеќе.
Фудбалерите на Евертон шутирале во рамката на голот 21 пат, Ливерпул 19, Тотенхем 17, а Манчестер Сити 16, Арсенал и Саутемптон по 16.
Најмногу среќа имале, односно најмногу стативите и пречките ги спасувале екипите на Фулам и КПР (20 пати), Њукасл и Астон Вила по 19 пати, Вест Хем 18 и Евертон 17 пати.
Од оваа табела најмногу би профитирал Ливерпул кој би освоил дури 14 поени повеќе и од 4-та позиција би играл во квалификациите на Лигата на шампиони.
Тотенхем би бил на 3-та позиција, а Арсенал и Челси би играле во Лига Европа. Екипата на Њукасл според оваа табела би испаднала од Премиер лигата.