Трета година по ред Мајами се пласира во финалето на НБА лигата каде по петти пат од 1999-та година ќе се најде и тимот на Сан Антонио.
На патот до финалето, Мајами по само 9 натпревари ги елиминираше Милвоки и Чикаго, но се намачи до Индијана и ги совладаа Пејсерс по 7 натпревари. Сан Антонио единствено се помачи во втората рунда против Голден Стејт, а немаше никако проблем со Лејкерс и Мемфис, па веќе 25 денови се без пораз.
Според кладилниците, Мајами Хит е голем фаворит за освојување на третата титула. Коефициентот за нивниот триумф е 1,45 а коефициентот на Сан Антонио Спарс е 2,8.
Светските кладилници предвидуваат дека Спарс ќе успеат да победат само на еден натпревар, па коефициентот дека серијата ќе заврши во полза на Мајами со резултат 4:1 е 3,75 а големи се шансите и дека ќе гледаме неизвесно финале со 7 натпревари и коефициентот на победата на Мајами со 4:3 изнесува 4,5.
Првите два натпревари ќе се играат во Мајами, а потоа серијата се сели во Сан Антонио за третиот, четвртиот и ако треба и петтиот натпревар. Последните натпревари би се одиграле на Флорида.