Откако англиските статистичари пресметаа дека ако сите удари во стативите и пречките завршеа во мрежата, тогаш Ливерпул ќе играше во Лигата на шампиони, сега "Opta Sports" направија и табела без индивидуалните грешки.
Во изминатата сезона во Премиер лигата биле постигнати 179 автоголови или голови по искористена грешка на противнички фудбалер.
Најмногу такви грешки правеле противниците на Манчестер Јунајтед, па на едно такво рангирање без овие голови, актуелниот шампион ќе имаше дури 14 поени помалку од нормалната табела. Фудбалерите на Арсенал дозволиле противникот да искористи најмногу нивни индивидуални грешки, па доколку не ги примеле овие голови тогаш тие ќе беа шампиони со 5 поени предност.