„Кошаркарскиот Моцарт" уште на 19 години беше дел од репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во 1984-та година, а истата година се пресели во Цибона каде освои две европски титули.
Четири години подоцна премина во Реал Мадрид со чиј тим веднаш ја освои тројната круна - шпанското првенство и куп, како и европската титула.
Откако освои се што можеше да се освои во Европа, Петровиќ замина во НБА лигата во екипата на Портланд. По две сезони во кои почесто седеше на клупата, тој се пресели во Њу Џерси каде повторно имаше можност да го покаже својот талент.
Со репрезентацијата на Југославија освои бронза во 1984-та и сребро во Сеул 1988-та година, а 1986-та година бронза на СП и злато 1990-та во Аргентина. Со Хрватска стигна до сребрен медал во легендарниот меч против дрим тимот на САД предводен од Мајкл Џордан во финалето на Олимписките игри во 1992-та година во Барселона.
Последениот натпревар Петровиќ го одигра против Словенија на квалификациски турнир во Полска. Хрватската кошаркарска репрезентација се враќаше со авион, а Дражен на пат тргна со автомобил со својата девојката која управувала со автомобилот. За жал, тој загина во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на германскиот град Инголштад.