По речиси 5 часа игра, Рафаел Надал триумфираше во тешката полуфинална битка која наликуваше на финале со 3:2 (6:4, 3:6, 6:1, 6:7, 9:7) и сега има историска шанса да стигне до осмиот Гренд Слем на турнирот во Париз.
Шпанскиот тенисер многу подобро го започна мечот и до првиот брејк стигна во седмиот гејм. Ѓоковиќ успеа да го возврати ударот во вториот сет, но потоа Надал настапи фуриозно и поведе со 2:1.
Најнеизвесен тенис се играше во последните 2 сета во кои не попуштаа и двајцата тенисери. По израмнувањето на 2:2, психолошката страна во последниот сет беше на страна на Србинот кој имаше водство од 3:1, но потоа следеше пад во неговата игра, а Надал стигна до 4:4.
Во долгиот и исцрпувачки сет, махерот за тенис на земја беше поконцетриран и правеше помалку грешки со што успеа да слави со 9:7.
Ова беше вкупно 35-ти меч помеѓу Ѓоковиќ и Надал, а Шпанецот води со 20:15. Во финалето тој ќе се сретне со подобриот од дуелот Цонга-Ферер.
Моментот на натпреварот: