Изборот на клубовите што планираат да бидат активни ова лето на полето на купувањето на играчи во Премиер лигата најголемиот им е во екипата на Фулам каде без договори ова лесто остануваат дури 9 фудбалери.
Тоа се Дамиен Даф, Филипе Сендерос, Марк Шварцер, Крис Беирд, Махамадоу Диара, Ѓоргиос Карагунис, Бреде Хангеланд, Нејл Териџ и Младен Петриќ. Хрватскиот фудбалер е замена за Димитар Бербатов и сезоната ја заврши со само 5 погодоци.
Едно од позвучните имиња на кој му завршува договорот ова лето е Андреј Аршавин кој е 4 години дел од тимот на Арсенал. За него е заинтересиран Бешикташ како и неколку руски клубови. Од „Емирати" гратис може да си заминат и голманот Лукас Фабијански, Себастијан Сквилачи и Емануел Фримпонг кој сезонава беше на позајмица во Фулам.
Доколку не им биде продолжен договорот, сезоната со новоназначениот Жозе Мурињо во Челси нема да ја започнат Флоран Малуда, Паоло Фереира, Хилари и Рос Тернбул, Хенрик Хиларио и Бејанун. Тимот на Манчестер Сити летово го напушти Коло Туре, а без договор останува и Ричарт Рајт.
Дел од останатите играчи од островот кои може како слободни играчи да направат трансфер се Вилијам Галас (Тотенхем), Артур Боруч (Саутемптон), Брамбл и Саха (Сандерленд) и Марк Ентони (ВБА).