Американските спортисти најбогати според Форбс

На чело со Тајгер Вудс во топ 10 листата на најплатените спортисти за 2012 година се наоѓаат 6 спортисти од САД од сферата на голфот, кошарката и американскиот фудбал.

Според американскиот магазин, американската голф ѕвезда имал најплодна година и за 12 месеци зарааботил 59,5 милиони евра, на второто место котира швајцарскиот тенисер Роже Федерер со фантастички 54,4 милиони евра, а трет е Коби Брајант кој инкасирал 47,1 милион евра.

Од фудбалерите место помеѓу 10-те најплатени спортисти за 2012 година се наоѓаат Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Српскиот тенисер Новак Џоковиќ минатата година од турнирите заработил 9,8 милиони евра и уште 10,7 милиони од спонзорите со што се најде на 28 позиција.

Листа на најплатени спортисти:

1. Тајгер Вудс (САД, голф) - 59,5

2. Роже Федерер (Швајцарија, тенис) - 54,4

3. Коби Брајант (САД, кошарка) - 47,1

4. Леброн Џејмс (САД, кошарка) - 45,5

5. Дру Брис (САД, американски фудбал) - 38,8

6. Арон Роџерс (САД, американски фудбал) - 37,3

7. Фил Микелсон (САД, голф) - 37,1

8. Дејвид Бекам (Англија, фудбал) - 35,9

9. Кристијано Роналдо (Португалија, фудбал) - 33,5

10. Лионел Меси (Аргентина, фудбал) - 31,4

6 јуни 2013 - 14:50