Скок од шест места на националниот тим

Избранците на Чедомир Јаневски и покрај поразот на пријателскиот натпревар против Шведска, бележат напредок од шест места на најновата ранг листа на ФИФА.

Македонската фудбалска репрезентација моментално се наоѓа на 78 позиција благодарение на слабите резултати на селекциите кои се наоѓаат околу нашата репрезентација, но и поради бришењето на резултатите од пред четири години.

Од нашите противници во квалификациската група за Мундијалот во Бразил, Хрватска и натаму се наоѓа на 4-та позиција, Белгија бележи скок од три места и е на 12-то место, Србија е 36-та, Велс е на 45-то место, а Шкотска ни бега само четири места и на 74-та позиција.

На врвот на ранг листата на ФИФА, прворангирана селекција и натаму е Шпанија, втоra е Германија, а на трето место се наоѓа Аргентина. Најслаб пласман во историјата бележи Бразил кој на падна 22-то место.