Усеин Болт - 99% од парите ги заработува од спонзори
Вкупна заработка: 24,2 милиони долари
Плата/награди: 0,2 милиони долари
Спонзори: 24 милиони долари
Најбрзиот човек зад себе ги има Пума, Гаторејд, Вирџин Медиа...
Роџер Федерер - 91% од спонзори
Вкупно: 71,5 м. долари
Плата/награди: 6,5 м. долари
Спонзори: 65 м. долари
Освојувачот на 17 Гренд слем титули има спонзорски договори со Жилет, Мерцедес, Најк...
Фил Микелсон - 90% од спонзори
Вкупно: 48,7 м. долари
Плата/награди: 4,7 м. долари
Спонзори: 44 м. долари
Голферот е спонзориран од Енбрел, КПМГ, Ролекс и Калвеј
Дејвид Бекам - 89% од спонзори
Вкупно: 47,2 м. долари
Плата/награди: 5,2 м. долари
Спонзори: 42 м. долари
Манекенот од фудбалските терени има договори со Армани, Самсунг, Адидас, Бургер Кинг...
Тајгер Вудс - 83% од спонзори
Вкупно: 78,1 м. долари
Плата/награди: 13,1 м. долари
Спонзори: 65 м. долари
Најбогатиот спортист загуби многу спонзори по аферата со проститутките, но сепак заработува премногу од Ролекс и Најк.
Ли На - 82% од спонзори
Вкупно: 18,2 м. долари
Плата/награди: 3,2 м. долари
Спонзори: 15 м. долари
Шестата тенисерка на светот има спонзорски договори со Мерцедес, Најк, Ролекс и Самсунг
Рафаел Надал - 80% од спонзори
Вкупно: 26,4 м. долари
Плата/награди: 5,4 м. долари
Спонзори: 21 м. долари
Шпанецот е спонзориран од Армани, Најк, Бакарди...
Марија Шарапова - 79% од спонзори
Вкупно: 29 м. долари
Плата/награди: 6 м. долари
Спонзори: 23 м. долари
Нејзини спонзори се Хед, Најк, Порше, Самсунг...
Леброн Џејмс - 70% од спонзори
Вкупно: 59,8 м. долари
Плата/награди: 17,8 м. долари
Спонзори: 42 м. долари
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата има потпишано договор со Најк уште во средношколските денови. Негови спонзори се и Мекдоналдс, Кока Кола и Најк.
Серена Вилијамс - 59% од спонзори
Вкупно: 20,5 м. долари
Плата/награди: 8,5 м. долари
Спонзори: 12 м. долари
Светскиот рекер број 1 во женска конкуренција најмногу заработува од Вилсон, Геторејд и Најк.
Дерик Роуз - 56% од спонзори
Вкупно: 37,4 м. долари
Плата/награди: 16,4 м. долари
Спонзори: 21 м. долари
Минатата година Роуз потпиша 13-годишен договор со Адидас вреден 200 милиони долари.
Коби Брајант - 55% од спонзори
Вкупно: 61,9 м. долари
Плата/награди: 27,9 м. долари
Спонзори: 34 м. долари
Негови спонзори се Мекдоналдс, Најк, Хублот, Туркиш Ерлајнс...
Новак Ѓоковиќ - 52% од спонзори
Вкупно: 26,9 м. долари
Плата/награди: 12,9 м. долари
Спонзори: 14 м. долари
Моментално најдобриот тенисер најмногу заработува од јапонската компанија за облека Уникло и од Мерцедес.
Лионел Меси - 51% од спонзори
Вкупно: 41,3 м. долари
Плата/награди: 20,3 м. долари
Спонзори: 21 м. долари
Меси се појавува во рекламите на Туркиш Ерлајнс заедно со Коби Брајант, а има и спонзорски договори со Адидас, ЕА Спортс и Пепси.