Аубрај Нгома после оваа утка треба за казна да му дадат на тренинг 100 пати да ја изведе истава акција, ама на мали голчиња. Неговиот тим губеше 2:1 и после промашувањето го израмни резултатот, ама израмнувањето требаше да биде во овој напад.
Наскоро на дресовите повторно може да читаме Малдини, Клајверт, Беркгамп, Ван дер Сар, но ќе ги носат играчи со други имиња, т.е. наследниците на легендарните фудбалери.
Само Баерн Минхен до овој момент од сезоната има собрано поголем број, односно максимален број на бодови, за разлика од екипата која бележи историска серија пред своите навивачи.
Да урлаш додека најавуваш кошаркарски натпревар пред преполна сала, да има некоја смисла, ама за да викаш како неотесан пред празни трибини нема објаснување.
Одлуката на Португалецот да се појави во една израелска реклама за брз Интернет ги налути Палестинците кои по социјалните мрежи пишуваа дека отсега Меси им е омилен играч.
65-от Ол Стар натпревар ќе се игра во недела на 14. февруари во Ер Канада центарот во Торонто, за првпат надвор од САД. На него по 15-ти, последен пат во кариерата ќе игра Коби Брајант.
95-та минута од мечот Селтик - Валенсија (судијата продолжил 6). При резултат 1:1 напаѓачот на Селтик го напаѓа последниот играч во одбраната на Шпанците кој со ефективен трик изнуди фаул. На крајот му се исплатеше, затоа што Валенсија на пенали победи 4:3 и се пласираше понатаму.
Низ НБА поминале илјадници кошаркари, но само неколку од нив станаа бесмртни откако клубовите за кои играа, решија да го повлечат од употреба бројот на дресот кои легендите го носеле.
Столарот кој чека 25.000 фунти и анонимниот навивач кој е во исчекување на 140.000 фунти не се единствените на кои им трепери срцето за добивка ако Лестер стане шампион. Има и други, а тие што мислат сега да уплаќаат, касно им е за толку пари.
Иако конкуренцијата за гол на месец јануари во Евертон беше голема и во игра беа погодоците на Ленон, Миралас и Баркли, 86% од гласовите отидоа кај Џорџ Шо. Младиот навивач кој боледува од целебрална парализа беше гостин во ВИП ложата на Гудисон, се сретна со својот идол Жерард Деулофеу и постигна гол за наградата на полувремето против Свонси.
Од италијанските навивачи неделава пристигнаа две силни пораки. Првата беше од навивачите на Наполи кои со илјадници слики од Кулибали упатија остри критики до расизмот, а втората е невообичаена и со неа се рушат бариери.
На денешен ден пред 25 години, чудото од дете Зинедин Јазид Зидан ја започна професионалната кариера со еврогол. За тоа добил награда од претседателот.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски за Спортски Журнал открива зошто во Барселона го викале Филозофот и зошто смета дека човекот самиот на себе е најдобар учител.
Во Палермо настана каша попара со тренерите и оваа сезона, а најновата улога на тренер во заминување е легендарниот играч на Бока Јуниорс. Тој беше тренер на 5 меча, но не смееше да го води клубот. Само со Ѕампарини се вака комплицирани работите.
По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.
13-ти февруари може да биде клучен ден за освојувањето на Скудетото во Серија А бидејќи се среќаваат Јувентус и Наполи. Ако победи Јуве ќе бега еден бод, а Наполи со триумф ќе се оддалечи 5 бода. Респектот меѓу големите напаѓачи на овие два тима.
Организацискиот комитет на ОИ Рио 2016 отвори борба со проблемите на уште еден фронт, откако Зика вирусот се шири брзо а спортистите треба да допатуваат во Бразил за помалку од 6 месеци.