Најдобрите 5 кошаркари на сите времиња

ЕСПН со помош на гласање на аналитичари ги одбраа најдобрите 100 кошаркари во историјата на НБА лигата. Нема дилеми околу првото место.

5. ВИЛТ ЧЕМБЕРЛЕН. “Големата мечка“ ја искористи својата големина, сила и вештина да доминира во кошарката. Во неговата 14 годишна кариера оствари просек од 30,1 поени и 22,9 скокови по натпревар.

4. МЕЏИК ЏОНСОН. Најдобриот плејмејкер на сите времиња имаше игра и карактер кои беа совршено прилагодени за Холивуд. Неговата визија на терен и способност создадоа голема забава кај Лејкерски.

3. ЛЕБРОН ЏЕЈМС. Комбинацијата на брзина, моќ и вештина никогаш претходно не биле видени на терените во НБА. Откако влезе во лигата во 2003 година стигна до четири МВП награди и две првенства.

2. КАРИМ АБДУЛ ЏАБАР. Најдобриот стрелец во историјата на НБА е шесткратен МВП играч, шесткратен НБА првак и сопственик на најнезапирливиот шут во кошаркарската историја.

1. МАЈКЛ ЏОРДАН. Шест титули НБА првак, шест пати МВП на финалињата, пет пати МВП на сезоната. Безброј иконски моменти. Ниту еден играч не играл кошарка на повисоко ниво од “Летечкиот“.