Иако конкуренцијата за гол на месец јануари во Евертон беше голема и во игра беа погодоците на Ленон, Миралас и Баркли, 86% од гласовите отидоа кај Џорџ Шо. Младиот навивач кој боледува од целебрална парализа беше гостин во ВИП ложата на Гудисон, се сретна со својот идол Жерард Деулофеу и постигна гол за наградата на полувремето против Свонси.