Седлоски: Играчите се во подобра форма од пред еден месец
13 ноември 2026
- Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Хемпден Парк во Глазгов ќе се соочи против Шкотска во 5. коло од Лига на нации. Ќе се бркаат првиот гол и првите бодови во ова издание. Селекторот тврди дека играчите се во подобра форма.
- „Мило ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во своите клубови. Се надевам дека ќе продолжат со таа минутажа во нивните тимови. Играчите се во подобра форма од пред еден месец, се надевам на сè подобри изданија“.
- „Знаеме со какви играчи располага Шкотска. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Фудбалерите се фокусирани и мотивирани. Moе е да им кажам на моите дечки да уживаат на утрешниот натпревар“, кажа Седлоски.