Второлигашот кој е закон дома сезонава е поуспешен и од Барселона

Само Баерн Минхен до овој момент од сезоната има собрано поголем број, односно максимален број на бодови, за разлика од екипата која бележи историска серија пред своите навивачи.

Баварската машинерија сезонава во Бундеслигата дома има 10 од 10, што значи дека не пропуштила ниту еден бод. Вториот клуб по број на освоени бодови не е ниту Барса, ниту Реал, ниту ПСЖ, туку Каљари кој игра речиси без грешка на својот стадион.

Лидерот во втората италијанска лига од можни 39 има собрано 37 бодови или во превод 12 победи и едно реми. Барселона на Камп Ноу има 11 победи и една нерешена, а ПСЖ на Паркот на Принцовите 10 победи и едно реми.

Последниот пораз на Каљари на Сант Елиа датира од 17 мај 2015 година кога загубија од Палермо 0:1 во Серија А. Во последното коло Каљари го совлада Удинезе со 4:3, а убедливо ја почна и сезоната во Серија Б и отвори со победа од 4:0 против Кротоне.

Тренерот Растели може да се пофали со 15 стрелци кои до сега го имаат најдобриот напад во лигата со вкупно 47 голови. За споредба со Серија А, само Наполитанците се поефикасни од нив со 53 погодоци. Јувентус има 45, Милан 35...

Во најголемите европските лиги освен Барса и ПСЖ кои ги споменавме погоре, една Борусија има 8 победи и едно реми, а лидерот во втората германска лига Лајпциг дома има два порази, исто како и Алавес кој е прв во втората шпанска лига. Во Италија Наполи дома има 10 победи и две нерешени, а во Англија Лестер е прв со 7 победи, 4 нерешени и еден пораз дома.

Хал во Чемпионшип е лидер со 11 победи, две нерешени и еден пораз. Во Франција Дижон е прв во втора лига со 51 бод, но дома има 9 победи, две нерешени и еден пораз. Никој како Каљари оваа сезона на домашен терен кој најавува кам бек во најелитното фудбалско друштво во Италија.

11 февруари 2016 - 12:05