Како паѓаше коефициентот за Лестер и колку ќе исплатат кладилниците

Столарот кој чека 25.000 фунти и анонимниот навивач кој е во исчекување на 140.000 фунти не се единствените на кои им трепери срцето за добивка ако Лестер стане шампион. Има и други, а тие што мислат сега да уплаќаат, касно им е за толку пари.

39 годишниот Леиг Херберт се појави пред камерата на БиБиСи, кажа дека верувал во Клаудио Раниери и додека бил на одмор вложил 5 фунти за добивка од 28.000 фунти дека Лестер ќе ја освои Премиер лигата.

Нешто подоцна на исто изненадување одигра уште еден навивач кој уплатил 75 фунти кога коефициентот за титула на Лестер паднал на 1.500/1. Тој чека 140.000.

Овие двајца навивачи не се единствени кои ќе се опарат ако на 15 мај Лестер го крене пехарот, туку само во Вил Хил ги има 12 души. Доколку се случи чудо во Премиер лигата, оваа светска кладилница ќе биде олеснета за 2 милиони фунти.

„Од комерцијални причини ние не сме навивачи на Лестер. Ако ја освојат Премиер лигата, ќе треба да исплатиме 2 милиони фунти“, изјави претставникот на Вил Хил, Руперт Адамс.

Падот на коефициентот за титула на Лестер:

Август 2015: 5.001/1

Септември: 1.500/1

Октомври: 1.500/1

Ноември: 500/1

Декември: 66/1

Јануари 2016: 16/1

Февруари: 7/1

Моментална табела:

Распоред до крај на сезоната:

10 февруари 2016 - 17:01