Тикетот составен од 16 пара неколку пати чудесно се спасувал од пропаст. Во натпревар од ФА Купот, каде човекот ја чекал Ватфорд 2-ка, гостите славеа со гол на Одион Игало во 89. минута од мечот. Уште една треска го следела на мечот Еибар - Малага од Примера, каде типувал двете екипи да дадат гол. Еибар постигна погодок во 94. минута.
Како резултат на тоа, нервозата се исплатела затоа што фатил 181.570 фунти, а при исплатата сакал да остане анонимен.
„Во екстаза сум од добитката. Во моментов живеам со сопругата, со трогодишно дете и со уште четири блиски роднини. Од таа причина ќе ја искористам целата сума за да купам поединечен дом за нас", прокоментирал среќниот жител на Лондон.
Џо Крили, претставник на реномираната обложувалница Вилијам Хил каде што паднала добивката изјавил:
„Никогаш не сме виделе на фудбалска кладба некој да добие толку пари. Неговиот случај е навистина единствен и исклучителен".
Тикетот изгледа како да го препишал цел билтен. На уплата од 1 фунта добил 181.570,50 фунти.
Еве што сè одиграл:
- 1.75 Колчестер - Тотенхем 2 со 3+. Мечот заврши 1-4.
- 1.90 Арсенал - Барнли 1 со 3+. Мечот заврши 2:1.
- 1.75 Астон Вила - Ман. Сити 2. (0:4).
- 2.62 Нотингем Форест - Вотфорд 2. (0-1).
- 4.40 Портсмут - Борнмут 2 со гол-гол (1:2).
- 1.72 Виган - Порт Вејл 1 (3:0)
- 3.40 Еибар - Малага гол-гол и да не заврши Х (1:2).
- 2.30 Хетафе - Атлетик Билбао 2 (0:1).
- 1.75 Реал Сосиедад - Бетис 1 (2:1).
- 1.95 Аталанта - Сасуоло гол-гол (1:1).
- 1.90 Капри - Палермо гол-гол (1:1).
- 1.60 Рома - Фрозиноне 1 и 3+ (3:1).
- 2.37 Дармштад - Шалке 2 (0:2).
- 2.20 Ешторил - Порто 2 со 3+ (1:3).
- 2.15 Левен - Стандард 2 (0:2).
- 1.70 Генк - Кортијк 1 (1:0).
Необично, истиот викенд во Скопје падна добивка од 160.000 евра. Од обложувалницата Моцарт објавија дека Скопјанец на четири тикети одиграл пет исти типови, при што на еден го изоставил мечот Астон Вила - Манчестер Сити. На останатите тикети одиграл систем, но ги погодил сите типови и заработил неверојатни 160.000 евра.
Како и колегата од Лондон, така и среќниот добитник од Скопје минувал низ драма. Мечот Сасуоло - Рома го одиграл двојна победа за гостите (коефицент 8.50). Римјаните на полувремето водеа 0:1, Сасуоло во 89' минута промаши пенал преку Берарди, за во 92' минута Ел Шарави да ги постави конечните 0:2.
Тоа е и официјално највисоката добивка во историјата на обложувањето во нашата земја.