
Андреј Аршавин на 1 февруари го раскина договорот со Кубан Краснодар и во моментов е слободен играч, а македонските портали пишуваат дека тој е понуден во Вардар. Од таму демантираат.
“Немаме остварено никакви контакти за евентуално доаѓање на Андреј Аршавин во Вардар и не знам од каде се информациите кои излегоа во нашите медиуми. Тоа е само шпекулација“, велат од клубот за Офф.нет.мк
Шпекулациите за трансферот на рускиот напаѓач кој 10 години беше дел од руската репрезентација ги пренесе и Гол.ком.
А некој отиде до таму, што на Википедија веќе го напиша и како нов играч на Вардар.