Откако брзински ги проаѓал младинските категории, Зидан конечно заиграл за првиот тим на Кан во 1989. година на 16 години, само две години откако го напуштил домот во потрага по неговиот сон. Одлично бил чуван и на него внимавал клупскиот директор Жан-Клод Елино, кој дури и му понудил на младиот играч од средниот ред да спие кај него дома додека се снајде во градот.
Зизу го крунисал талентот во февруари 1991. година, на мечот Кан - Нант, екипа против која Зизу дебитирал две години претходно. Голот, во негов стил лесно и едноставно. Тоа бил единствен негов гол на два настапи таа сезона, но со погодокот му помогнал на Кан да слави 2:1.
Како награда за првиот гол, младиот Зидан добил нова кола, марка Рено Клио која што му ја купил претседателот на Кан, Алан Педрети. Претседателот му ветил на Зидан дека ќе му купи автомобил уште додека бил помал. Зидан одигра 31 средба за Кан, кога екипата заврши четврто место и тоа беше најдобар пласман во клупската историја по 1931/1932 кога Кан завршил втор.
Подоцна Зидан замина во Бордо каде го докажа својот талент, а најдобар играч на светот стана во Јувентус каде играше од 1996. година и подоцна во Реал Мадрид во 2001. година. Најзаслужен беше за успехот на Франција на Мундијалот во 1998. година и ЕП 2000-та.