Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Мајкл Џордан vs Стефон Кари

Плејмејкерот на Голден Стејт во првите 5 меча оваа сезона во НБА лигата успеа да постигне 179 поени. Прв во тој подвиг е легендата со 182 поени.

Харизмата на Буфон и германското невнимание

Во вторникот после мечот Менхенгладбах - Јувентус, Џиџи Буфон отишол под трибината кај навивачите на германскиот клуб, им ги подарил ракавиците, но за возврат не добил ништо по што сега се води полемика во Германија.

Делије и Бед Блу Бојс се најдоа во Атина

По тродневно барање по улиците на Атина, каде грчката полиција уапсила преку 100 навивачи на Олимпијакос, Динамо Загреб, Панатинаикос и Црвена звезда, Хрватите и Србите претпладнево се сретнале во близина на атинскиот аеродром по што избила голема тепачка.

Најдобро изработените слободни удари

Не дека не уживаме во денешно време во ударите на Пирло и Пјаниќ, а претходно и во слободните удари на Бекам, Жунињо и Михајловиќ, ама ова си има посебна убавина, иновативност и многу вежбање на тренинг. Цареви се дечкиве, нема што.

Што прави периодов Роналдињо?

По краткиот престој во Мексико, Роналдињо премина во Флуминенсе и со клубот од татковината потпиша договор до крајот на 2016. година. Сепак веќе на 29 септември 2015 година после 7 мечеви во составот, со клубот се договори да го раскинат договорот.

Дибек

Во првенството за мал фудбал во Западен Сибир, на мечот Курган - Вираж, гостинскиот фудбалер Сархан Микаилов ја замени улогата на најголемиот ривал на Попај морнарот.

Македонија потона уште седум места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација сега е на 139-та позиција на ранг листата на ФИФА, а нè поминаа земји како Чад, Јужен Судан и Казахстан.

Најдобрите 10 одбранбени двојки во Серија А во последните 30 години

По 11 минати кола Интер предводен од дефанзивното дуо Мурило – Миранда има најдобра одбрана со само 7 примени гола во италијанското првенство, каде низ годините играа едни од најсилните дефанзивци во светот.

ЕЛЕМ во турбулентен натпревар до победа над Македонски Телеком

Во 5. коло од Бизнис лигата на Македонија МЕПСО ја наполни мрежата на АрцелорМиттал, а Лукоил победи убедливо против Гранит.

Најдобрите мустаќи во НБА

Од носење долга и густа брада, модата во НБА сега се мустаќите. По изборот на гледачите и навивачите, најдобри мустаќи во моментов носи Кевин Лав од Кливленд.

Сан Антонио загуби во последна секунда, Леброн го доби Мело

Капак на очајната шутерска вечер на Спарс стави Бил Бредли кој со тројка со звукот на сирената му нанесе нов овосезонски пораз на поранешниот шампион.

Најлошиот корнер во Лигата на шампионите

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Овен Харгривс кој работи како ко-коментатор на БТ спорт, го опиша Чави Алонсо како еден од најдобрите изведувачи на корнери, а за овој против Арсенал рече дека е најлош кој го видел во животот.

Голот со кој Вилијан го спаси Мурињо

Александар Драговиќ со автогол му донесе водство на Челси, а истиот фудбалер во 78 минута го замолчи Стемфорд Бриџ за 1:1. Со извонредниот погодок на Вилијан на 8 минути до крајот, Сините од Лондон конечно се израдуваа и останаа во игра за осминафинале во ЛШ. Во Премиер лига се 15-ти на табела.

Петарда во Минхен, пресврт на Олимпијакос во 90-та минута

Германската машинерија речиси го исфрли Арсенал кој има само теоретски шанси за осминафинале. Челси конечно победи, Рома и Баер Леверкузен повторно одиграа ефикасен меч, а Барселона и Порто ги оправдаа фаворитските улоги.

Спектакуларните 4:3 меѓу Манчестер и Реал

Не се ова Реал и Манчестер кои завчера едвај победија по 1:0 во ЛШ. Слушајте ја химната и гледајте кои се во составот на двете екипи, па ќе ви стане јасно зошто е убаво да се потсетиме на вакви видеа. Роналдо 0:1, Ван Нистелрој 1:1, Роналдо 1:2, Елгуера 2:2 (автогол), Роналдо 2:3, Бекам 3:3, Бекам 4:3. Уживање е видеово.

Убавата страна на руските стадиони

Тоа што во западните медиуми се озлогласени (со право или без) како извор на расизам, нетрпеливост и генерално хаос, не значи дека на руските стадиони не вирее ред, мир и убавина.

Јувентус и Интер играат највалкано во ЛШ, Баерн највнимателен

Судиите до сега им покажале вкупно 38 црвени картони на фудбалерите на Јуве и Интер во најелитното клупско натпреварување, а рекордни три исклучувања имало на четири средби.

Ердоган вадел заклучени судии, претседателот казнет

Претседателот на турскиот прволигаш Трабзонспор, Ибрахим Хачиосманоглу е суспендиран на 10 месеци и казнет парично поради тоа што минатиот викенд наложил во соблекувалните да се заклучат судиите на мечот против Газиантеп.

Идната ѕвезда во Серија А ја има Каљари

Федерико Сера, 97-мо годиште се соочи со неколку играчи на Верона Примавера кои ќе имаат трауми од ова што им го направи.

Навивачот кој отиде во веце на Сан Сиро се врати дома по 11 години

На 25 август 2004 година Интер го пречека Базел во реванш квалификациската средба за ЛШ, а еден од гостинските навивачи доживеа чудна судбина и остана клошар низ улиците во Милано.

Измолзи ги кравите, јас одам на пиво

Во норвешката прва лига, тимот на Брајн се спаси од испаѓање во 89-та минута од мечот против директниот конкурент Берум. Се радуваа до таа мера што еден од домашните навивачи преку камерата ѝ се обрати на жена му да ги измолзи кравите, затоа што тој ќе заглавел во пабот.

Трето полувреме во Севиља со колут напред

Манчестер Сити синоќа за 36 минути ја заврши работата во Шпанија, а еден од најсреќните играчи беше Фабиан Делф кој се радуваше како мало дете на првите одиграни 4 минути оваа сезона. Англискиот репрезентативец пристигна на Етихад летово, но се повреди против Реал на натпревар во Мелбурн. Пелегрини синоќа го стави во игра во 86-та минута, но тоа му беше малку.

Како Руни го прослави голот по долгиот пост

Манчестер Јунајтед синоќа против ЦСКА беше на 11 минути до четвртото реми без голови по ред, но Вејн Руни со глава го разби сопственото проклество од 995 минути без гол и вкупно 404 минути на својот тим. Сега има 37 голови на меѓународна сцена, еден помалку од рекордерот Ван Нистелрој.