107-те гола на Барса и рекордот на Луис Енрике

Каталонската машинерија не го достигна врвот со Пеп Гвардиола. Оваа екипа која го држи костурот неколку години и направи неколку измени е синоним за поимот доминација и неисрцпна тема за пишување.

Со триумфот над Леванте на гости, Барселона овој викенд стигна до вкупно 107 голови на 40 мечеви постигнати само оваа сезона. Фудбалерите на Барса постигнаа 54 голови во Ла Лига, 24 во Копа дел Реј, 15 во Лига на шампиони, 6 во Клупско Светско првенство, 5 во УЕФА Супер Купот и 1 во Шпанскиот Супер Куп.

Од овие 107 гола Меси, Суарез и Нејмар реализираа 81. Уругваецот даде 36, Аргентинецот 24 и Бразилецот 21. Во просек барса сезонава постигнува по 2,6 голови по натпревар.

На мечот против Валенсија во купот, Суарез за прв пат стигна до бројка од 4 гола на еден меч за Барса, а хет-трик постигна против Еибар, Гвангжу и Атлетик Билбао.

Меси како втор стрелец, но и испуштени 2 месеци поради повреда има два хет-трикови (Валенсија и Гранада). За неговата форма говори фактот дека од почетокот на оваа година има постигна 12 голови на 10 меча.

Хрватскиот репрезентативец настапил на дури 87 натпревари под водство на Луис Енрике, а втор на листата е Лионел Меси кој пропуштил 15 од вкупно 100-те натпревари на „Лучо“ во Барселона.

Ова е детален приказ со сите 15 стрелци за Барса оваа сезона.

Овој викенд Луис Енрике стигна до 100 меча како тренер на Барса и го стигна рекордот на Гвардиола од 28 меча по ред без пораз. По првите 10 меча тој е број 1 со 80 победи и 4 трофеи, истите кои Барса ги освои со Пеп.

Со 87 одиграни средби, Иван Ракитиќ е најстандарден во првите 100 меча на Енрике. 

8 февруари 2016 - 15:12