Сконто (Летонија) 58 меча – Од 1993 до 1996 година
Александр Старковс со Сконто успеа да стигне до легендарна низа од 14 титули по ред во домашното првенство. Во сезоната 1994/1995 тој не загуби ниту еден меч што го прави овој тим еден од најдобрите за кои веројатно не се чуле до сега.
Олимпијакос (Грција) 58 меча – од 1972 до 1974 година
За време на златната ера со грчкиот тајкун Никос Гуландрис, Олимпијакос во сезоната 1972/1973 прими само 13 гола, рекорд кој сè уште не е срушен. Следната сезона постигна 102 гола и прими 14.
Милан (Италија) 58 меча – Од 1991 до 1993 година
Доминацијата на Милан на почетокот на 90-те им донесе три Скудета во низа, а Ван Бастен, Гулит и Рајкард влегоа во серија од 58 меча без пораз.
Ширак (Ерменија) 59 меча – Од 1993 до 1995 година
Серијата од рекордни 59 натпревари без пораз во Ерменија ја држи најстариот клуб во оваа земја кој во тоа време освои 4 титули.
Пјуник (Ерменија) 59 меча – Од 2002 до 2004 година
Тоа му успеа и на Пјуник кој во 2001 година влезе во прволигашкото друштво и ја освои титулата. Овој тим стана прв од Ерменија кој стигна до второ квалификациско коло за ЛШ.
Ројал Унион Сент (Белгија) 60 меча – Од 1933 до 1935 година
Формирам во 1897 година, овој клуб од Брисел во 30-те стигнал до 60 средби без пораз и три титули во низа.
Левадија Талин (Естонија) 61 меч – Од 2008 до 2009 година
Овој естонски тим никогаш не испаднал во втора лига и има недостижна серија од 61 натпревар без пораз.
Селтик (Шкотска) 62 меча – Од 1915 до 1917 година
Тешко е да се избројат сите победнички серии на еден од најголемите шкотски клубови во историјата. За сега рекордна им е серијата која им почна во далечната 1915-та.
Шериф Тираспол (Молдавија) 63 меча – Од 2006 до 2008 година
Откако влезе во прва лига во 1998 година, Шериф освои 13 титули во последните 15 години и стана прв клуб од Молдавија кој купи фудбалери од Бразил и Африка.
Стеауа Букурешт (Романија) 106 меча – Од 1986 до 1989 година
Да, ова е победникот кој многу ќе биде тешко некој да го мине. Се работи за неверојатни 106 меча без пораз, 106 во време кога освои 4 титули и 4 Купови по ред.