Вториот татко на Ел Нињо прв го открил неговиот талент

Во саботниот меч против Еибар, Фернандо Торес го постигна 100-от јубилеен гол во дресот на Атлетико. Радоста на крајот ја сподели со човекот кој го донел во клубот и кој е најзаслужен за неговата кариера.

Човекот се вика Маноло Бринас. Во 1995. година тој бил директор на академијата на Атлетико Мадрид и инцијатор на тоа Фернандо Торес да стане дел од неа.
 
Маноло Бринас и јуниорот Фернандо Торес (долу десно) во академијата на Атлетико.

Маноло бил и првиот кој го испратил Фернандо во Ливерпул.

После првиот хет-трик во составот на Ливерпул, Ел Нињо („Малиот") му пратил фотографија од тој натпревар со потпис и благодарност за придонесот кој Маноло го имал во развојот на кариерата на Фернандо. Ниту Мундијалот, ниту Европските злата, ни Лигата на шампионите, ништо не го натера Ел Нињо да ја заборави големата љубов која што овој старец му ја пружи кога Нандо уште бил никој и ништо.

Кога и да играше со репрезентацијата на Шпанија на Висенте Калдерон, Торес стоеше само покрај неговиот втор татко Маноло Бринас.

Во април 2014-та година, Фернандо како играч на Челси истрча на родниот Калдерон и го сретна Маноло.

„Кога Фернандо Торес се врати во Атлетико, тоа беше најсреќен ден во мојот живот. Сите овде го сакаме, а и тој е вљубен во овој клуб", изјави Маноло кога напаѓачот реши да се врати во матичниот клуб.

Во 48 секунда по истекот од '90-та минута, во судиското продолжение од мечот против Еибар, Торес го постигна 100. гол за Атлетико Мадрид. Веднаш после мечот камерите го фатија во кадар како оди кон некој постар човек со бастум. Торес побрза да му се заблагодари на човекот кој е коавтор на сите негови достигнувања (Светско, 2 европски, ЛШ)

„Не постои некој кој повеќе заслужува да го добие тој дрес од него. Тој ќе го чува со многу љубов. Знаев дека тоа ќе го допре, затоа што не се надеваше. Неколку месеци е отсутен поради болеста и се надевам дека ова ќе му биде потстрек да се опорави. Мојата приказна без него немаше да има смисла“, изјави Ел Нињо после мечот.

„Спремен бев да си одам дома кога некој ме удри по грбот. Тоа беше Фернандо кој само што го даде 100. гол. Ми шепна на уво дека голот ми го посветува мене, затоа што јас сум бил најзаслужен што се вљубил во овој тим. Потоа ми го даде дресот", изјави после мечот Маноло Бринас, фудбалскиот татко на Торес.

8 февруари 2016 - 13:07