Едниот е Леиг Херберт, 39 навивач на Лестер кој работи како столар. Додека бил на годишен одмор се обложил дека неговиот омилен клуб ќе стане шампион во Премиер лигата.
Шансите за тоа биле 5000/1, а тој вложил 5 фунти. Ако Лестер продолжи со вакви резултати и на крајот слави титула, ќе го освежи столарот со 25.000 фунти или 32.000 евра.
Сезоната завршува на 15 мај, датум кој со многу поголемо нетрпение го чека уште еден навивач на Лестер. За него се знае дека живее 40 км од Лондон и дека со влог од 75 фунти ќе земе 140.000 фунти (180.000 евра) ако Лестер биде првак.
До крајот на сезоната има уште 13 кола, а следниот викенд Лестер му гостува на Арсенал кој има 5 бода помалку.