Во една култна винтиџ-продавница во Глазгов

Триесет и четири години, Starry Starry Night е скриена во една калдрмисана уличка во населбата Вест Енд во Глазгов. Зад зелениот екстериер и рачно исцртаниот знак има удобна, затемнета продавница со таван бојадисан во црно. И секогаш внатре ја има Ана Греам, сопственичката на оваа винтиџ продавница, застаната зад пултот, покрај витрина исполнета со украсни антиквитети.

Емили ќе се враќа во Париз за втора сезона

Изгледа светските (сосе нашите!) врвни познавачи на сѐ што е француско ќе мораат да се помират и да се утешат со ново колективно ц’цкање - ќе се снима втора сезона.

Кога страдаш од пост-факултетска депресија

Во поново време, за повеќето луѓе, дипломирањето не значи мазна транзиција до работно место (на неопределено!) и блескав живот на академски граѓанин. Реалноста е далеку поразочарувачка и оваа транзиција може да биде тешка за менталното здравје

Супер брачни совети, за супер среќен брак

Интернетот е полн со говеда што редовно си ги гњават жените, ама ова е сепак пример од посветлата страна.

Празничната кампања на Гучи е „Новогодишна забава на работа“

Колку е сѐ неподносливо гадно и јако истовремено.

Како да фатиш емотивна манипулација при извинување?

Во обид да го раскринка она „Те гледа во очи и те лаже“, или ако сакате, „те манипулира“, Ана Акана прави осврт на сите јавни извинувања што така бомбастично поминаа во Јутјуб заедницата. Тоа плачки, тоа гледање на страна, тоа избегнување одговорност... Сѐ тоа го правиме и еден на еден, само време е да му се фати крајот.

Како нѐ играат модните брендови за да трошиме повеќе?

Да се замислите следниот пат кога ќе се фатите за нешто шарено, со патенти, карнери и врвки.

Спотовите се новите модни ревии?

Модниот свет упорно се труди да се адаптира на новото нормално, и до сега како најдобро да им оди снаоѓањето, барем ако се земе Москино предвид. Сега се префрлаат на нова платформа: музички спотови.

Тажната, надреална приказна за Бланш Моние

Често се случува родителите да не ти го одобруваат дечкото, ама не е баш често да те затворат 25 години во соба, ако „не ти иде памет“. Ова ѝ се има случено на Бланш Моние, која мајка ѝ на 25 години ја има заклучено во соба, од каде што излегува како нешто што едвај личи на човек на свои 50.

Ворнер Брос мораше да им се извини на луѓето со посебни екстремитети

Многумина имаа проблем со фактот што Ен Хатавеј, во римејкот на „Вештерки“ има по три прсти на секоја дланка и Ворнер Брос објави извинување што „посебните екстремитети“ се прикажани како страшни во филмот.

Замисли Канје да ти е маж

За нејзиниот роденден, Канје Вест на својата сопруга ѝ обезбеди подарок во вид на холограм од нејзиниот починат татко. Изненадување е, но сепак не е неочекувано за него да смисли поклон од вакви претерани размери. Она што упорно изненадува, без разлика што веќе се навикнавме на Канје Вест и сите негови проблеми е - како може Канје да е толку Канје и како холограмот честиташе роденден.

Ако ви е глуп периодов, ѕирнете го „Кој си ти?“

Зошто кога личи дека ви оди во животот, работите, без предупредување знаат да престанат да функционираат?

6 навики што ве уништуваат емотивно

Psych2Go е одличен Јутјуб канал што има цел да ги доближи информациите за ментално здравје до обичниот народ. Со оглед на тоа што на толку труд, сѐ уште е табу тема, Јутјуб, а особено ваквите пријатни канали, се супер извор на информации.

Изненадување во изгубен багаж

Не знаеме како точно функционира кај нас, најверојатно вработените се послужуваат, ама по свет има решенија за неподигнат багаж - ако сопственикот не се пријави во рок од 90 дена, куферите се продаваат на аукција.

Републиканците почесто имаат секс од демократите

Ние вакви податоци немаме и тоа е тажно. Туку, среќен ден на американските избори, со оглед на тоа што цел свет е принуден да се мавта со нивната домашна политика. А сега, интересното.

Шлепање на женска мака

Може ли да има попрепредено и побезобразно во моментов, од тоа што на жените во Полска им се одзема правото на абортус? Може. Транс-лобито да ја напика сопствената непоканета агенда во сред борба за женски права.

Барајте дечковци со сестри

Има нешто што се вика RWSE: Raised With Sisters Energy („Енергија на човек пораснат со сестри“). Мајкл Б. Џордан ја има, Дакота Фенинг ја има, исто и Хари Стајлс. Тоа е вајб што зрачи од луѓе што пораснале со сестри и што е уште поважно - блиски биле со нив.

Џордан Пил пак ќе преправа стар хорор

Џордан Пил досега се има докажано дека има осет за хорори, до тој степен што се осмели да преправа „Зона на самракот“, иако не најсреќно, но сепак: После „Ние“, „Бегај“ и „Ловци“, веројатно може да му се верува.

Плејгрл се враќа

Во последниве неколку години, списанијата се мачат да го издржат притисокот на онлајн публикации, но изгледа тоа не важи за Плејгрл - се враќа и особено ќе се посвети на современите женски гласови и вредности. И некаде ко да ја грешат работата.

Затворањето на Man Repeller е удар од зад грб и сѐ што не е во ред со новото време

Од овој блог сме имале повеќе статии. Често се наоѓал на иста бранова должина со Off Cafè, заради пристапот кон содржини што на светот му се чинат неважни, а се сепак составен дел од животот на жените, на луѓето општо, и колку и да се согласуваме со тоа дека во етер треба да се пуштаат сериозни, длабоки, суштинско-социјални приказни, факт е дека човек што ја отфрла потребата од разонодувачки, забавни и навидум “лесни” теми, дури и во ова грозно време, живее со главата во песок.

Не гласаш? Нема ни да свршиш.

Низ свет, луѓето имаат поинакви начини на убедување за гласови на избори, далеку понапредни и поиздашни од нашите сендвичи и сладоледи. Упаљачи, брашна и тефтерчиња се за сељаци и неиновативни. Дајте садо-мазо, па да правиме муабет.