Петиција да се брка Амбер Херд од „Аквамен“

Еднаквост, нели?

Минатата недела Џони Деп објави дека ја напушта најпроблематичната франшиза на денешницата и дека се повлекува од улогата на Гриндевалд, после целиот хаос што му се случи со поранешната сопруга Амбер Херд. Да потсетиме, прво го обвини дека ја малтретирал, за после да излезе дека таа го малтретирала него. И во духот на новото време, како што ги „откажаа“ сите што макар и прошле покрај некакво малтретирање, би требало и нејзе да ѝ заврши кариерата, нели?

Не.

Џони Деп си оди од Ворнер Брос, под чија капа е и „Аквамен“ како дел од ДЦ Комикс, но Херд останува Мера.

Што значи, сега има петиција за еднаквост - да се прекине и нејзиниот договор со оглед на тоа што е докажан психички и физички злоставувач.

Петицијата веќе ја постигна целта од милион потписници и стана една од најпотпишуваните петиции на change.org.

Организаторите инсистираат студиото да одлучи на ист начин да постапи и со нејзе.

Има и такви што веќе фантазираат за рејунион, со тоа што бараат Емилија Кларк да ја замени.

Паралелно со петицијата, на форуми и преку коментари на социјални мрежи веќе се договараат да го бојкотираат филмот ако не ја баталат Херд, а за „Фантастични ѕверки“ се веќе одамна договорени, затоа што па таа мрзливо напишана приказна одамна престана да ја бива.

Ако сме еднакви, да бидеме еднакви до крај.

--

Види: Филистинското уништување на Џони Деп

16 ноември 2020 - 10:13