Како да фатиш емотивна манипулација при извинување?

Во обид да го раскринка она „Те гледа во очи и те лаже“, или ако сакате, „те манипулира“, Ана Акана прави осврт на сите јавни извинувања што така бомбастично поминаа во Јутјуб заедницата. Тоа плачки, тоа гледање на страна, тоа избегнување одговорност... Сѐ тоа го правиме и еден на еден, само време е да му се фати крајот.

Гледање во далечина, и „обид да се собереш, да не заплачеш“ (неуспешен), во изведба на Тати.

Тие што ја пратат бјути-заедницата веројатно веќе зналачки климаат со глава. Лора Ли, Мени МУА, Шејн Досон, Тати, па и надвор од таму, со Логан Пол и слични на него - стотици, илјадници видеа со јавни извинувања се појавија - по нив, уште толку со „реакции“ на истите тие видеа, па толкувања, па заебанции од типот монтирано само плачењето, само ќутењето, само *вметни било каков сегмент што на Јутјуберот му помага да долови колку му е најмногу, на свет, неподносливо, најжал*.

Едно од побитните прашања: Кога веќе редиш како кишна година пред камера и тоа дооолги секунди, нели е попаметно во монтажа тоа да го извадиш? 

Скриншот од неколкуминутно плачење, во изведба на Лора Ли

Главните елементи на лажното извинување се префрлање вина (како Тати), избегнување одговорност и отстранување на сопствената личност од некоја мината верзија на себе (Шејн Досон), редење, кукање, плачење (Лора Ли), правење драма (Логан Пол, со естетски фино видео отпосле) и други работи што нѐ тераат да превртиме со очи кога некој нѐ мавта при извинување.

Единствен начин да се извиниш, според Акана, а и општо, е да си ја признаеш грешката. Едноставно, да дадеш на знаење дека тоа некого повредило и да кажеш дека нема веќе тоа да го правиш. За ваков пример ја зема Џена Марблс, која дури и престана да работи за да не ризикува да повредува уште луѓе.

Како да забележиш емоционално-манипулативно извинување:

10 ноември 2020 - 10:56