Што е првото што ви паѓа на памет кога ќе видите викторијански фустан?

Нас ни е „Замисли да ти се примоча.“

Па, не е така гламурозно.

Аста Дарлинг е ентузијаст за сѐ викторијанско и ако ѝ го разгледате Инстаграм-профилот, ќе видите дека многу вредно се има потрудено да го оправда тврдењето дека е „Извршен директор на патување низ времето“.

Она што ни привлече внимание е клип што може да ви ги одговори сите прашања што се поставуваат на туширање, а се поврзани со викторијанската мода. Како се облекува? Како се соблекува?

Замисли некој да сака да те соблече и тоа брзо?

Замисли да ти се примоча?

Добрата вест е што не мора фустанот да се допира до вц-шолјата.

Ова од проста причина што нема вц-шолја.

Има нокшир.

Нека ви текне на ова следниот пат кога ќе си речете „Ех, да живеам во тоа време, со тие фустани и тие луѓе.“ Туберкулозата е може најмал проблем.

Живеење викторијански кога во секое време можеш да притиснеш пауза и да одиш да се истушираш со помош на водовод е многу подобра варијанта.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BuzzFeed Video (@buzzfeedvideo) on

10 ноември 2020 - 10:36