На топловo, фризурите што нудат лесна одржливост и отпорност стануваат сè поактуелни, па затоа имаме сега и медуза-опашки. Фризурата е всушност средна или висока опашка со повеќе плетенки, инспирирана од митолошкиот изглед на Медуза. Според професионални фризери, овој стил комбинира функционалност со визуелна експресивност и се очекува да биде популарен во текот на летото.
Зошто е практична?
Ја држи косата подалеку од лицето и вратот, што е особено корисно во топли и влажни услови. Се прилагодува на различни пригоди, од дневни активности до вечерни настани. Нуди стабилност во услови на влага, што ја прави соодветна за користење на плажа, базен или активности на отворено. Комбинира едноставна изведба со висок визуелен ефект, што ја прави погодна и за неформални и за формални средби.
Како?
- Ставете регенератор што не се измива за подобра еластичност и помалку кршење.
- Нанесете стилизирачки производ (гел, пена или помада што држи) околу коренот. Со четка од природни влакна, соберете ја косата во опашка на посакуваната висина и фиксирајте со ластик.
- Со помош на тенок чешел, поделете ја опашката на два или повеќе делови со рамномерна дебелина.
- Плетење: Плетете ги деловите со класични техники и врзете ги краевите со ластиче.
- Нанесете лак за сјај и отпорност на влага. По желба, извадете предни прамени или ставете накит за коса.
Одговара на повеќето типови коса. Најдобри резултати се постигнуваат кај средна до долга коса со умерена до висока густина. За кратка или тенка коса, се препорачуваат екстензии или клип-ин опашки за постигнување на саканиот волумен и должина.
Има и адаптација - со две опавчиња, или pigtails. Ама, не морате баш.