Краток филм како измислен за кога мислиш дека не те бива:

Ако ви е глуп периодов, ѕирнете го „Кој си ти?“

Зошто кога личи дека ви оди во животот, работите, без предупредување знаат да престанат да функционираат?

Дали е вистина дека кога се затвора врата, се отвора прозорец, и други слични досетки што се возат на трендот на токсичната позитивност?

Филмов топли со својата едноставност, што доаѓа многу фино во ноември, 2020, кога главниот снабдувач на парно греење штеди иако редовно плаќаме (тоа за наше добро де, да не ни е жешко, не е здраво иначе).

Може да ви се види нереално оптимистичен за новово време, ама на кој не му треба и трошка оптимизам, нека го фрли првиот камен.

Креативци, држ‘те се, веројатно ќе биде боље.

5 ноември 2020 - 16:33