Тејлор Ендруз за Космополитен:

Барајте дечковци со сестри

Има нешто што се вика RWSE: Raised With Sisters Energy („Енергија на човек пораснат со сестри“). Мајкл Б. Џордан ја има, Дакота Фенинг ја има, исто и Хари Стајлс. Тоа е вајб што зрачи од луѓе што пораснале со сестри и што е уште поважно - блиски биле со нив.

Не се работи само за тоа дека нема да се избезуми ако му го спомнеш зборот „добиено“. Се работи за едно подлабоко ниво на емоционална интелигенција, за чие постоење и експертите за ментално здравје се согласуваат.

„Да имаш сестра значи да имаш збогатена способност да бидеш комуникативен и сочувствителен партнер,“ вели психотерапевтката Имани Мова. Ова најверојатно се должи на тоа што жените повеќе ги бива за интроспекција и за разбирање на туѓите потреби, според нејзе. А кога растеш со сето тоа (без разлика кој ти е полот) впиваш многу од добрите страни.

Уште една многу важна работа е што, како што додава експертот за врски Стефанија Круз, „некој што растел со сестри научил да прави компромиси, да има трпение, или ако ништо друго, да чека ред.“

Новинарката признава и дека е свесна дека многу луѓе немаат сестри, а и реално не значи дека само така ќе можат да имаат исклучителни способности да бидат во врска. Она RWSE од погоре би можеле да го добијат од мајки, тетки и другарки на пример. Истовремено, да се има сестра не е пасош до совршено однесување меѓу жени.

„Сепак, верувајте ми кога ќе ви кажам дека треба да се земе RWSE во предвид кога разгледувате потенцијални партнери,“ завршува Ендруз. „Нема да добиете половични извинувања од типот ‘жал ми е што така мислиш’, и нема да ви превртуваат со очи кога ќе сакате да го оговарате партнерот на најдобрата другарка. Затоа, следниот пат кога ќе правите разузнавачка проверка на Тиндер, во параметри треба да ви влезе и ‘има/нема сестра’. Топло ви препорачувам.“

3 ноември 2020 - 12:20