Опфатиле 1.082 студенти по психологија од Универзитетот Мекјуан во Алберта, Канада, кои одговарале на прашања поврзани со нивните прехранбени навики, квалитетот на спиењето и перцепцијата за тоа како одредени намирници влијаат врз нивните соништа.
Од нив:
- 40% пријавиле дека храната влијае на спиењето
- 25% рекле дека одредена храна им го влошува сонот
- 20% пријавиле дека одредени намирници им го подобруваат
- Само 5.5% директно ја поврзале храната со содржината на соништата (т.н. food-dependent dreaming)
Најчесто споменувани „виновници“ за лош сон биле слатки, зачинета храна и млечни производи (15,7%)
Наодите покажуваат дека лицата со интолеранција на лактоза имаат поголема веројатност да доживеат кошмари по конзумирање на млечни производи. Причината не е директно во сирењето или кашкавалот, туку во гастроинтестиналните симптоми (надуеност, мачнина, несоница) што го нарушуваат сонот и го зголемуваат ризикот од вознемирувачки соништа.
Според д-р Тор Нилсен, главен автор на истражувањето, „кошмарите се почести кај луѓе кои имаат интензивни дигестивни реакции на лактоза, а тоа влијае и врз квалитетот на спиењето.“
Додека некои намирници можат да го нарушат спиењето, други можат да го подобрат. Истражувањата укажуваат на неколку групи храна кои се поврзуваат со подобар сон:
- Бадеми - содржат мелатонин и магнезиум, кои помагаат за подлабок и подолг сон
- Летни овошја - јагоди, боровинки, киви и ананас се природни извори на мелатонин
- Целозрнести житарки - овес, киноа, интегрален ориз и леб содржат триптофан и фитонутриенти корисни за спиењето
Препорака е да се избегнува обилна вечера пред спиење, а во случаи кога се потребни мали оброци, овие категории храна се сметаат за добар избор.