Тоа лето, нејзината 18-годишна ќерка Кејтлин Аркет е застрелана додека вози кон дома во Албукерки, Ново Мексико. Напаѓач од друг автомобил испукал два куршуми, по што возилото на Кејтлин излетало од патот и се судрило со телефонски столб. Умира следниот ден во болница.
Полицијата тогаш го третирала убиството како случаен напад, нешто што семејството не можело да го прифати. Данкан, незадоволна од истрагата, почнала самата да собира информации и да изнесува јавни критики. Во следните години објавува две книги - Who Killed My Daughter? (1992) и One to the Wolves (2013) - во кои детално ја документира својата верзија на пропустите во истрагата и можните мотиви за убиството.
Главен осомничен бил дечкото на Кејтлин, Данг Нгуен. Живееле заедно, но врската била проблематична, а Кејтлин наводно планирала да му раскине. Неколку дена по убиството, Нгуен се обидел да си го одземе животот, а иако испрашан, полицијата го ослободила од директна вмешаност. Подоцна се открива дека Нгуен бил поврзан со организирана осигурителна измама, а семејството на Кејтлин се сомневало дека таа знаела за тоа и дека од тие причине е и убиена. Лоис Данкан сведочи и дека додека бил под дејство на лекови отишла да му каже дека е ред да одлучи дали ќе каже што вистински се случило, а тој рекол „Одлучувам.“
Еден сведок тврдел дека добил повик од Нгуен неколку часа пред да се открие телото на Кејтлин, каде што паничел дека е мртва, но и тоа магично не влегло во истрагата. Во првите години по убиството биле уапсени и двајца други осомничени, но обвиненијата биле повлечени. Случајот останал нерешен со децении, а Данкан сè повеќе се претворала во јавен критичар на полициската работа.
До пресврт доаѓа дури во 2021 година. Пол Аподака, човек кој бил забележан на местото на злосторството уште во 1989 година (а никој не го испрашал), признал дека ја убил Аркет, меѓу други убиства што ги извршил на крајот на осумдесеттите. Во своите искази тврдел дека немал конкретен мотив и дека нападите биле резултат на омраза кон жени и чувство на фрустрација.
Со ова признание, семејството конечно добива делумни одговори, иако Лоис Данкан не доживеала да ги слушне - починала во 2016 година.