Празничната кампања на Гучи е „Новогодишна забава на работа“

Колку е сѐ неподносливо гадно и јако истовремено.

Гучи има ете, уникатна, хм, естетика годинава, и во наплив на бес и креативност, на празничната кампања ѝ пристапува со една од појезивите работи што нѐ чекаат кон крајот на декември. Поточно, баш овој декември не, и ако за нешто треба да се тешиме со оваа грозна пандемија, тогаш нека биде  затоа што ќе нѐ поштеди од „Шефе, на вас најсреќна да ви е!

Или можеби сме толку испостени од човечки контакт што треба да си признаеме дека ни фали?

Како и да е, Гучи се има посветено да ги опфати сите аспекти од овој феномен, со колекција инспирирана од ’80-те, со наслов The Gucci Gift Giving Collection. И како што веќе треба да почнеме да се навикнуваме кога е во прашање уметничкиот директор Алесандро Микеле, има еден винтиџ дух што допрва треба да процениме дали е очобол - или јак.

Лансираат и нова линија на пакувања во рамки на нивната посветеност на одржливост - украсни зелени хартиени кеси и картонски кутии од одговорно оддржувани шумски ресурси, намалена употреба на мастило и општа можност за рециклирање.

И бидејќи не проаѓаат празниците без одредени детали - колекцијата врие од светкаво, на ташни и чевли. Имаат и нова игра на апликацијата во која можете да го контролирате вработениот во канцеларија, инспирирана од Конга Мастер и треба да ги убедувате колегите да играат Конга - ова кај нас за жал, чемер и јад е - вовче на Моји су другови.

11 ноември 2020 - 11:32