Гучи продава кариран фустан за мажи со сатенска машна на струк - за контрирање на токсичните стереотипи за машкиот родов идентитет. А супер е што има дискусија за родов идентитет и маргинализирани групи на кои не можевме да им го слушнеме гласот до скоро. Сепак, конкретно ова личи како Гучи неискрено да се шлепа на популарни клучни зборови, особено што малку им било што е кариран, успеале и со детали да го догрдат.
Има бисерни копчиња, Петар Пан-крагна, а од Гучи тврдат дека е инспириран од гранџ од ’90-те.
Според нив, може да се носи со фармерки, го има во деликатни бои и ја рефлектира флуидноста која ја истражувале за ревијата есен/зима 2020.
Имале Гучи бисери до сега, без разлика што се за почит од повеќе аспекти, ама фустанот е толку гаден, што просто ти доаѓа да ги побараш патиките за косење и да им речеш „вратете се, сѐ ви е простено.“
А да, 1800 евра е.
Пријатно.