На Гучи нешто не му оди неделава, прво со „блекфејс” џемперот, што не може да не помисли човек дека е намерно, а сега со фијаското што го доживуваат на социјалните мрежи затоа што се обидуваат да ни протурат фабрички валкани патики за 700 евра.
Патиките се викаат screener leather sneakers и ги опишуваат како „олд-скул форми и материјали инспирирани од винтиџ спорска облека” и „третирани за износен ефект”.
Имаат некој растурен шик-квалитет, не дека не, ако човек заборави на фактот дека ќе плати 700 евра за буквално, прљави патики.
Има и црвена и зелена комбинација, кој сака.
Инаку, кога веќе го спомнавме проблематичниот Гучи џемпер погоре, од категорија: не може да не е намерно, го имаме ова.